Топ 10 омилени брендови на Џеки Кенеди


Топ 10 омилени брендови на Џеки Кенеди

Џеки Кенеди остана како една од најпознатите први дами на САД, која успеа сите да ги шармира со својот изглед.

top-10-omileni-brendovi-na-jackie-kennedy-01.jpg

Беспрекорниот стил и вкус за комбинирање на облеката ја направи модна икона која ден-денес многумина се обидуваат да ја следат.

Секако, јасно е дека стилот на ваквите дами се гради со помош на одредени брендови.

Па, доколку не сте знаеле досега, дознајте кои брендови биле на врвот на листата на Џеки Кенеди:

François Pinton

Заштитен знак на првата дама биле нејзините огромни очила. Таа ги носела често, односно речиси во секоја пригода на отворено. За тоа е заслужна француската куќа за аксесоари, François Pinton.

top-10-omileni-brendovi-na-jackie-kennedy-02.jpg

Gucci

Џеки била голем љубител на една Gucci чанта, што дури била преименувана во „Jackie чанта“. Овој модел и ден денес е познат и омилен кај многу модни икони.

top-10-omileni-brendovi-na-jackie-kennedy-03.jpg

Tiffany&Co

Модната икона исто така била голем љубител на накитот од Tiffany&Co, а посебно се приврзала за аксесоар кој бил креација на Jean Schlumberger и поседувала многу нараквици кои се негов дизајн.

Oleg Cassini

Таа исто така го обожавала рускиот креатор кој е во светот на модата многу значаен, бидејќи во стилот на Џеки вовел живописни костими по кои таа е препознатлива.

top-10-omileni-brendovi-na-jackie-kennedy-04.jpg

Cartier

Таа за подарок добила часовник од Cartier, а ѝ станал едно од омилените модни парчиња. На многу фотографии се гледа дека често го носела, а компанијата и денес го продава овој модел.

top-10-omileni-brendovi-na-jackie-kennedy-05.jpg

Уште 5 брендови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

12 кимоно наметки за шик дневен изглед Како замена за фустан, мантил, кошула или класична наметка, повеќенаменското ким...
12 чудни модни трикови кои ќе ви го олеснат животот Од непријатна миризба на чевлите до изгубен сјај на сребрениот накит, овие трико...
Модни предлози: Како да се облечете за летни свечени прилики? (фото) Летото наскоро ни пристига, а во текот на сончевата сезона нè очекуваат многу ве...