Топли и шик: Фенси комбинации за кафе шема на ниски температури
-->
Излезете надвор од рутината, облекувајќи се возбудливо дури и за опуштените средби со дечкото или пријателките.
Одите на дневна собиранка во град?
-->
При облекувањето во студените месеци, најголем приоритет ни се комфорот и топлината.
Но, тоа не значи дека мора да се држите до досадните комбинации, кои веќе стопати сте ги носеле.
На прагот помеѓу есента и зимата, ви нудиме десет фенси предлози за кафе шема, со кои ќе изгледате урбано и стилски, дури и на ниските температури:
1. Искомбинирајте удобна тексас кошула и фармерки, надополнувајќи ги со впечатлив накит и волуменозен кардиган.
-->
-->
2. Кој вели дека не смеете да носите капут и дуксер со качулка во исто време? Погледнете колку добро изгледа таквата комбинација.
-->
3. Под џемперот со длабок „V“ израз облечете меко неглиже, или, пак, маичка на прерамки со додаток од чипка.
4. Ретро комбинезоните со трегери одлично ќе ви прилегаат, доколку ги споите со пуловер кој има ѕвонести ракави и карнери.
-->
5. Кожните хеланки и пругастата блуза се супер тандем, а посебно одговараат со патики, капут и масивен шал.
6. Краткиот џемпер и долгата кошула се синоним за шик и модно освестена девојка.
7. Бела боја во есен или зима? Зошто да не!? Само нека е удобно и топло.
8. Ако имате убави нозе, натколенките се полн погодок за вас. За денските пригоди, носете ги со ниски чизмички до глужд и кежуал модни парчиња.
9. Внесете боја среде градското сивило, одлучувајќи се за ведар црвен стајлинг. Само не заборавајте да понесете и јакна!
10. Бушавиот капут и хипстерските очила, пак, ќе ве трансформираат во неодолива „бубалица“ на градскиот асфалт.
М. А. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Нежно жолта е бојата на лето 2023
Оваа нијанса на жолта боја е свежа и неутрална, но не е нападна... Таа е идеален...
Сино-белата кошула на риги е моден хит за лето 2023-та
И за на плажа и за лежерни пригоди и за на работа, ова парче облека летово ќе ви...
Предлог модни комбинации со бордо црвена – омилена боја за оваа зима (фото)
Капут, здолниште или сам мал детаљ во бордо нијанса – Неколку предлози како да ј...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина
Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно
Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето
Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...