Естетика на тетовирањето

estetika-na-tetoviranjeto-povekjeЛуѓето со векови го украсуваат своето тело со најразлични тетоважи. Сите тие имаат некое свое значење во долгата историја. Денес тетовирањето...

 

...стана моден тренд, па тој украс може да се види и на рамeњата, стомаците или плешките на јавните личности, но и кај обичните луѓе.

estetika-na-tetoviranjeto

Историјата на оваа уметност е многу долга, речиси колку и развојот на човековата свест. Потекнува, може да се рече, уште од каменото време, кога луѓето употребувале јаглен за лечење на раните.

Потоа, тетоважите станале религиозно обележје, а подоцна прераснале во облик на уметност. Многу бргу потоа тетоважите стануваат и симбол на престиж – заради високата цена. Покрај припадниците на аристократската класа, можеле да си ги дозволат само уште богатите криминалци.

Денес постојат и екстремни облици – кога се прават цртежи по целото тело. Сепак останува фактот: без разлика колку години е оспорувана тетоважата, сега има многу повеќе заинтересирани да го украсат своето тело со некој посебен мотив.

Има и такви кои не го прават тоа поради мода, туку од потреба да имаат тетоважа (да речеме поради посебно значење, верување или познавање на оваа уметност). Други пак го украсуваат телото со тетоважи само поради таквиот тренд – доволно е некој нивни јунак од светот на филмот или музиката има тетоважа, па и тие сакаат баш таква иста.

Мотивите за тетовирање се разновидни. Со значење или без, секако се во тренд, особено апстрактните. Покрај тоа, ако Анџелина Џоли се појави со нов змеј, таа слика станува тренд.

Без разлика дали цртежот се наоѓа на стомакот или на листовите од рацете/нозете, без разлика на мотивот (реален, апстрактен, линиски или портрет) тетовирањето е многу популарно и атрактивно посебно меѓу помладите.

Би можело да ве интересира:

5 модни совети за тазе мајки кои сè уште не се вратиле во форма: Што да избегнувате, а каква облека ... Тренерките не треба да ви бидат омилената облека и за дома и за излегување, избе...
Животински принт е во мода: Кои Македонки го следат новиот пролетен тренд? Тамара Тодевска во фустан со животински принт во новиот спот, Аделина Тахири изб...
8 совети за стилски комбинации со тексас облека Тексасот и облеката од кадифе одлично се надополнуваат и никогаш нема да погреши...
8 грешки со кои несвесно правиме да изгледаме постаро отколку што сме Впечатливи цветни принтови, темна сенка за очите... Што треба да избегнуваме за ...
Бисерите се накит на годината во 2024 – Кои Македонки го следат светскиот тренд? Дани Ѓуровска, Елена Најдоски, Бојана Скендеровска... Ова се некои од Македонкит...
Модни утки и погодоци - Што носеа ѕвездите на Governors Awards 2024? (фото) Пенелопе Круз, која важи за жена со префинет стил, овој пат потфрли со бел фуста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg