Овошната мода е хит

ovosnata-moda-e-hit-povekjeОвошјето е вкусно, здраво и еден од главните модни трендови за оваа пролет. Оваа пролет и лето ќе се изнагледаме секакви примероци и стилови...


...кои ги „тресат“ модните писти – од пруги во сите видови, до повеќебојни/еднобојни комбинации. И сега уште еден тренд кој не смее да се заобиколи ако барем малку ја следиме модата.

ovosnata-moda-e-hit-1

Сè почна ситно и дискретно... По некој привезок, обетки... за да на крај низ модниот свет да експлодира цела овошна салата. Црешите, јаболката, бананите и крушките им беа музи на модните дизајнери и тие подготвено ги префрлија од позадината во центарот на вниманието – на облеката, чевлите и шешири.

Трендот го најави модната уредничка на јапонскиот Vogue, Ана Дело Русо, која на есенските ревии се појави со шешири украсени со гигантски цреши и со нешто помала лубеница, а не заостанаа ниту останатите уреднички Емануела Алт (Vogue) и Каролина Иса (Tank Magazine), па дури и главната ѕверка и најголемата модна диктаторка – Ана Винтур.

ovosnata-moda-e-hit-2

Дизајнерките имаат свои приоритети кога е овошјето во прашање, Стела Мак Картни се одлучила за лимони, портокали и грејпфрути на бела подлога. Има дизајнери кои измешале се живо.

Што би одбрале вие од овој тренд?

Би можело да ве интересира:

Предлог модни комбинации со бордо црвена – омилена боја за оваа зима (фото) Капут, здолниште или сам мал детаљ во бордо нијанса – Неколку предлози како да ј...
5 типа ролки кои треба да ги избегнуваат жените по 40-тата година Ролки во здодевни бои и полуролки едноставно не им прилегаат на дамите над 40 го...
Омилена летна „униформа“ – долги, макси фустани со шарени дезени (фото) Доколку сте љубители на едно парче облека со кое сте стокмени „од глава до пети“...
Ревијата на Ивана Кнез беше вистинско уживање: Доминираа секси и храбри креации (фото) Модната дизајнерка Ивана Кнез на Скопскиот Моден Фестивал вчера (03.04.2024) го ...
Ретро кломпите се враќаат во мода оваа пролет ’24 – подгответе се да ги гледате насекаде Дали сте подготвени да ги гледате кломпите во секојдневни, модерни комбинации? „...
Модни трикови со кои Амал Клуни изгледа подобро и од холивудските ѕвезди Избегнува темни комбинации и за дневно излегување преферира големи чанти – кои с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg