Тајната на совршената брада

tajnata-na-sovrsenata-brada-povekjeШто најмногу ги привлекува жените? Бицепси, трицепси, полн паричник и брз автомобил? Не! Чистотата, уредноста и негуваниот изглед...


...секогаш ќе го привлечат женското внимание, а се останато доаѓа понатаму.

tajnata-na-sovrsenata-brada

Негуваниот изглед, секако подразбира покрај грижата за своето тело и редовно бричење на брадата. За да имате совршено уредна брада, мора да се одвои доволно време за нега на лицето.

Секогаш бричете се наутро, по туширање, бидејќи тогаш кожата на лицето е најопуштена, а брадата помека. Тоа значително ќе ви го олесни бричењето. За полесно да се избричите користете гел или крема за бричење, избегнувајте пена или сапун.

Немојте да штедите на квалитетот на жилетите за бричење и по можност користете такви што имаат два или три слоја сечива.

Кога ќе дојде ред да се исплакне жилетот, обавезно користете жешка вода.

Жилетот исплакнете го по секој потег на бричење, за да ја зголемите неговата ефикасност и да го намалите ризикот од оштетување на кожата. Кратките и прецизни потези се најсигурното решение.

Постојано имајте на ум дека за малиот машки ритуал, бричењето, потебно е доволно време. Немојте никогаш да се бричите на брзина, додека брзате за во град или пак на работа!

Патем, кожата секогаш избричете ја два пати. Првиот пат поминете со жилетот во смерот на растење на влакната, а потоа ставете повторно гел или крема и уште еднаш поминете во спротивната насока. Така вашето лице ќе стане сосема мазно.

По секое бричење, добро измијте го и исушете го лицето за да не останат трагови од гелот, или кремата што сте ги употребувале. Потоа, нанесете лосион или крема со смирувачко дејство.

На крајот, доколку не спаѓате во категоријата мажи со „брзо растечка брада“, брадата треба да се бричи секој втор или трет ден.

Би можело да ве интересира:

Омилена летна „униформа“ – долги, макси фустани со шарени дезени (фото) Доколку сте љубители на едно парче облека со кое сте стокмени „од глава до пети“...
Луксузен фустан со 1.350 пердуви за ѕвездата на шоуто „Dubai Bling“, од нашиот дизајнер Златко Јован... „Мене ми беше замислен во боја на лаванда, но Фархана Боди се реши за кралско си...
Како да го комбинирате накитот со облеката за да оставите стилски впечаток? Големината на накитот во однос на стилот на облеката, комбинацијата на бои кај н...
10 модни трикови за деновите кога не знаете што да носите Ако наутро или пред вечерно излегување се чувствувате мрзеливо, тогаш ...
Златко Јовановски за новата колекција: „Сошивме венчаница со 38.000 рачно везени кристали за 11 дена... „Горд сум на нашето ремек-дело, венчаницата со која се надминавме себеси - ...
Си заминала од Србија во 90-тите, омажена е за британски бизнисмен – Која е Роксанда Илинчиќ, српска... „Кон крајот на 90-тите години немаше греење, па на факултет одев со шише топла в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg