7 правила за одење на штикли

7-pravila-za-odenje-na-stikli-povekjeДодека некому високите штикли му се секојдневие, повеќето жени чувствуваат нервоза кога ќе се приближат свечени моменти кои бараат посебна облека и обувки.


Но, за одење на штикли не ви треба школо, туку само пракса. Ако сте ги совладале првите чекори постојат уште неколку важни работи за кои мора да водите сметка, а кои можат да ви ја расипат забавата.

Ако не сте секој ден во штикли, вежбајте одење низ дома.

7-pravila-za-odenje-na-stikli

1. Без разлика на вашата умешност за одење на штикли, ако сте купиле нови чевли задолжително пробајте ги низ дома. Направете неколку круга низ дневната соба или сработете неколку домашни работи  носејќи ги.

2. Ако носите платформи не значи дека знаете да одите со штикли. Платформите поради повисокото газиште се многу поедноставни за одење од класичните штикли.

3. Ако планирате цела ноќ да бидете на нозе наша препорака се сандали со што помалку ремчиња. По богатат вечера, играње или стоење на нозе неколку часа, вашите нозе ќе отечат. Баш поради тоа избегнувајте комплицирани штикли, затоа што цела вечер ќе поминете местејќи ги ремчињата.

Не претерувајте со висината на штиклите.

4. Удобност пред сè. Иако е убаво да се видат холивудски убавици на црвенито тепих како позираат во штикли кои не изгледаат удобно, немојте да заборавите дека нивното шетање со високите потпетици трае повеќе од еден час.

5. Не претерувајте со висината на штиклите, особено ако сте повисоки од просечната височина. Девојките над 170 сантиметри височина плус со високи штикли или тренди палтформи може да изгледаат необично, иако високите потпетици се секси, не претерувајте.

6. Одењето со штикли е едно, а играњето нешто сосема друго. Кога одите газите со целото стапало, но кога играте или пак се качувате по скали се ослонувате само на газиштето.

7. Ако не сте сигурни дека штиклите што сте ги одбрале се доволно удобни, земете со себе и резервни чевли. Промената на калапот во текот на вечерта ќе го одмори вашето стапало, а на тој начин ќе ги избегнете и болните плускавци.

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
Модни тајни со кои Французинките изгледаат совршено дури и на најголемиот студ Кога велиме „плетен фустан“ замислуваме широк модел без некоја посебна форма. Но...
Како да го комбинирате накитот со облеката за да оставите стилски впечаток? Големината на накитот во однос на стилот на облеката, комбинацијата на бои кај н...
Славни дами кои ископираа аутфити на ѕвезди кои пред повеќе од 10 години ги носеле истите Кога во 2022 година Ким Кардашијан се појави на Met Gala во фустан што далечната...
10 комбинации за топло време што ќе ве инспирираат овој месец Ленени шорцови со бела кошула, впечатливо кратко здолниште со бела маичка, лесни...
Што облекоа посетителите на последната вечер на Скопски моден фестивал 2024? (фото) Стефан и Марта Лазарови, Светлана и Мики Црнокрак, Јелена Спенџарска, Марјана Ст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg