Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Кои бои ви стојат?

koi-boi-vi-stojat-povekjeПостојат четири типа на луѓе – пролетни, летни, есенски и зимски (има врска со изгледот, а не со годишното време кога сте родени) – во согласност...


...со типот одат и боите на облеката и шминката кои би ви прилегале.

Секако, ништо не е обврска ниту правило, но може да ви биде интересно да откриете на кој тип му припаѓате и кои  бои би требало да ви прилегаат согласно типот.

koi-boi-vi-stojat

Во пролетен тип спаѓаат личности со кајсија боја на кожата, сина коса, без разлика на висината и градбата. Поради тие нежни бои и овие личности делуваат нежно и кревко.

Убаво им стојат нежни бои: тиркизна, месо боја, боја на кајсија, светло зелена, златно беж....

Му припаѓате на овој тип и сакате да ја исфарбате косата? Немојте во темни нијанси – евентуално можете да извлечете темни прамени.

Темните и изразити бои ќе направат да изгледате бледо и како да сте болни: да речеме крем нијанса на бела боја на вас ќе изгледа секогаш поубаво отколку чисто бела боја. Што се однесува до накитот – користете накит со бисерна, корална или тиркизна боја, тој ќе ја нагласи вашата убавина.

Летен тип: припадниците на овој тип меѓу себе можат многу да се разликуваат – некои ќе имаат розевкасто блед тен, некои маслинесто зеланкаст, некои пепеласто руса, некои светлосмеѓа боја на коса. Бојата на косата не делува баш дефинирано.

На овој тип луѓе добро им стои сребрена, вишна, розева, небесно сина, како и светло сина боја. Портокаловата боја воопшто не им стои. Косата, ако ја фарбаат, добро ќе биде тоа да е во костенлива или темносмеѓа боја. Што се однесува до накитот, јасните бои ќе им стојат подобро од пастелните –  никако неонски нијанси.

Личностите од есенскиот тип најпрепознатливи се по косата со црвенкаст отсјај и пеги. Топлите нијанси убаво им стојат – сите нијанси на смеѓа, портокалова, златна, бакарноцрвена, жолта и маслинесто зелана боја. Косата не би требало да ја осветлуваат. Предлог за шминка најчесто не им е потребен, дречавите бои грозно им стојат, додека златните нијанси на накит и шминка им одговараат повеќе од сребрените.

Зимски тип: Се сеќавате на описот на Снежана од бајките - темна коса, бел тен и црвени усни? На тоа додајте и светли очи – тоа е описот на зимскиот тип.

На овој тип најдобро му стојат силни бои: црвена, виолетова, темно сина, темно зелена... Контрастите одлично им стојат (црно-бело, на пример), од накит - сребрен, црн или црвен, никако златен. Осветлуавњето на косата лошо би им стоело, како и топлите, земјени бои на шминка, накит и гардероба – од тоа кожата би можело да им изгледа жолтениакво.

Може да се случи да му припаѓате на еден тип, а да имате особина на некој друг тип, или да сте мешавина од два типа – тогаш направите комбинација на советите за двата типа на луѓе.

Се пронајдовте ли во некој тип?

Би можело да ве интересира:

8 модни правила со кои жителките на Лондон блескаат и на лошо време Жените во Лондон сакаат рацете да им се слободни, па затоа носат чанти кои се но...
Трикови со кои Италијанките изгледаат свежо и со стил дури и на пеколни горештини Во Италија и дамите постари од 60 години не се плашат да излезат во јавност со и...
13 модни трендови за 2023-та, од кои некои ќе предизвикаат дискусии - гаќите на баба, сандалите на т... Сандали на платформа – по долго време се враќаат во мода, а најголемата придобив...
Убавата велешанка Татјана (21) доминираше на ревија на светски бренд во Франција (видео) Нашата Татјана Јанушева - Тати (21), која веќе неколку години гради интерна...
Холивудските ѕвезди во креации на нашиот Тони Матичевски (фото) Креации од нашиот Тони Матичевски низ годините носеа Ева Лонгорија, Кетрин Зита-...
Што облекоа посетителите на втората вечер на Скопски моден фестивал 2024? (фото) Маја Панчева избра во спортско-елегантна комбинација, Моника Црнокрак се реши за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg