Три супер летни фризури

tri-super-letni-frizuri-povekjeЛето е и жешко е, а вие не знаете што би правеле со својата долга коса? Ако сеуште не сте се решиле за шишање... погледнете ги овие три летни фризури...


...за долга коса со кои ќе изгледате уредно и модерно, а нема ни да ви биде жешко.

Добри се и за преку ден, а и за ноќни излегувања. Се што треба е малку волја и труд.

1. Плетенка „на страна“

tri-super-letni-frizuri-1

Малку спортски, но сепак шик изглед ќе постигнете со плетенка исплетена „на страна“. Косата соберете ја со прстите под едното уво и исплетете плетенка. Идеална е за играње одбојка на плажа!

2. Неуреден "chignon"

tri-super-letni-frizuri-2

Бушава пунџа на тилот ќе ве направи романтични и слатки. Како да се направи?

Косата се суши со фен со дифузер, се собира на тилот со лабаво ластиче за коса во низок опаш кој се витка во пунџа и се зацврстува со шноли. Што по неуредно, тоа подобро!

3. Мазен "ponytail"

tri-super-letni-frizuri-3

Со оваа фризура ќе изгледате строго, но секси. И оваа фризура може да е бушава и неуредна, но ние ви го препорачуваме залижаниот, мазен изглед.

Идеална е за лето во канцеларија!

Би можело да ве интересира:

8 начини за визуелно да го скриете стомакот (и да се чувствувате посамоуверено) Кажете им „не“ на тесните фармерки, а прифатете го облекувањето во слоеви... Как...
Јелена Спенџарска со саканиот, Светлана Црнокрак во друштво на семејството: Атмосферата на третата в... Ивана Кнез ја отвори последната вечер од Скопски моден фестивал 2023, а меѓу при...
Фустанот од Mango со кој се „опседна“ Северина и жените низ светот На новиот моден тренд не одолеа ни Северина - таа на својот последен концерт во ...
Најубавите летни фустани на македонските познати дами, со доминација на белата боја Од долги макси фустани во впечатливи бои до кратки фустанчиња со дезен, македонс...
6 совети како да се облечете во зима за да изгледате одлично (и да не ви студи) Капут со крзно околу вратот, волнени наместо кожени ракавици... Како да се облеч...
Паметен фустан кој „оживува“ додека го носите и го менува дизајнот - го освои светот (видео) Фустанот Project Primrose, на софтверската компанија Adobe, во преднио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg