Жените со сè поголеми стапала

zenite-so-se-pogolemi-stapala-povekjeСè повеќе жени носат чевли со броеви кои до неодамна ги носеа само големи мажи. Побарувачката на поголеми броеви женски чевли сè повеќе расте...


...и едно британско истражување покажало дека признавањето кој бројот чевли се носи е еден од непријатните моменти кога се купуваат чевли со голем број.

zenite-so-se-pogolemi-stapala

Истражувањето што го спровела истражувачката куќа Дебенхамс, кое опфатило 1.000 жени кои носеле број на чевли 43, или поголем, покажало дека 82% од нив се срамат од големината на своите стапала.

Половина од испитаничките рекле дека се срамат да го побараат својот број во продавница, а 36% од нив се срамат воопшто да ги слечат чевлите во јавност.

Во последните десет години просечниот број на чевли порасна на број 39, а зголемена е и побарувачката за бројот 43 и тоа за 80%.

Причина за тоа е што стапалата на жените се пошироки, а не подолги, што пак стручњаците го поврзуваат со порастот на просечната тежина на жените.

Чевлите со поголеми броеви, со високи потпетици сега се произведуваат од нови материјали и технологии па се поцврсти и сè повеќе славни жени со големи стапала, како Никол Кидман, Мишел Обама или Парис Хилтон се шетаат со нив по црвените килими.

Би можело да ве интересира:

10 комбинации за топло време што ќе ве инспирираат овој месец Ленени шорцови со бела кошула, впечатливо кратко здолниште со бела маичка, лесни...
Златко Јовановски со впечатлива креација за Талија од „Росалинда“: Фустан со пердуви и бисери за Лат... „Моите креации се екстремно тешки, големи и волуменозни, а на ѕвездите кои ги но...
9 модни трикови со кои и најевтината комбинација ќе изгледа луксузно Задолжително скријте го градникот кога носите фустан со гол грб и наместо да сле...
Костадин Захов – наш голман со уникатен моден стил (фото) „Никогаш не би можел да се замислам во тесни маички и фармерки со големи логоа н...
9 грешки што ги правите кога купувате чевли (и потоа нозете ве болат) Чевлите што изгледаат прекрасно во излогот на продавницата, можеби и не се толку...
Предлог комбинации со омиленото парче за студените денови: Широк џемпер со ролка (фото) Им стои добро на буквално сите, а изгледа одлично со скоро сè – од фармерки, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg