10 туристички дестинации во Европа каде постои најголем ризик да ве ограбат џепчии

Вистината е дека паричникот може да ви го украдат секаде, па дури и во центарот на Скопје среде бел ден. Затоа внимавајте кога се движите низ голема толпа луѓе, особено ако е тоа во големите европски градови, каде секојдневно има илјадници туристи...

10-turistichki-mesta-vo-evropa-koi-se-najgolem-raj-za-djepchiite-01_copy.jpg

Сите сме свесни дека кога одиме на која било дестинација, особено на места каде што има многу туристи, турканици и врвулица од луѓе, мора да внимаваме на паричникот и личните документи.

Но, колку и да сме внимателни, тоа понекогаш не ги спречува џепчиите (да пробаат) да ни ги украдат парите.

Британскиот портал Quotezone.co.uk направи истражување за тоа кои градови, но и кои туристички локации во градовите се омилените места на кои „оперираат“ џепчиите.

10-turistichki-mesta-vo-evropa-koi-se-najgolem-raj-za-djepchiite-12.jpg

Според нивното истражување, на листата водат градови во Италија, Франција, Шпанија, но и Холандија, Британија и Чешка...

Истражувањето е направено според бројот на кражби што ги пријавиле туристите во период од една година.

Според резултатите, најголем рај за џепчиите e Италија, односно градовите Рим, Милано и Фиренца.

Во Рим најмногу се крадат паричници околу Колосеумот, фонтаната Треви и Пантеон, но и во близината на Ватикан.

10-turistichki-mesta-vo-evropa-koi-se-najgolem-raj-za-djepchiite-02.jpg

Најмногу кражби се пријавени околу фонтаната, каде што постојано има стотици туристи кои се фотографираат.

Џепчиите често работат во парови, па додека еден им го одвлекува вниманието на туристите, другиот краде од нивните џебови и чанти.

Едно од омилените туристички места во Милано, областа околу катедралата Дуомо, е исто така место на кое има многу џепчии, а туристите секојдневно пријавуваат кражби.

10-turistichki-mesta-vo-evropa-koi-se-najgolem-raj-za-djepchiite-13.jpg

Уште едно место во Италија е познато како рај за џепчиите - областа околу галеријата Уфици во Фиренца.

Втора на листата со најмногу пријавени кражби од џепчии во Европа е Франција, а најкритично место е делот околу Ајфеловата кула во Париз.

10-turistichki-mesta-vo-evropa-koi-se-najgolem-raj-za-djepchiite-07.jpg

Трета на листата е Холандија. Во оваа земја најмногу џепчии има во Амстердам и Ротердам.

Во Амстердам тоа е централниот дел од градот, околу познатите кофи-шопови, областа на Црвените фенери и железничката станица.

10-turistichki-mesta-vo-evropa-koi-se-najgolem-raj-za-djepchiite-04.jpg

Во Ротердам, пак, се издвојува центарот на градот и местата во близина на превртените куќи-коцки и затворениот пазар Марктхал.

По нив, на листата следи Германија со Берлин и Минхен.

10-turistichki-mesta-vo-evropa-koi-se-najgolem-raj-za-djepchiite-08.jpg

Грција е петта земја според бројот на пријавени кражби од џепчии, и тоа на островите Миконос и Санторини, но и главниот град Атина.

10-turistichki-mesta-vo-evropa-koi-se-najgolem-raj-za-djepchiite-09.jpg

Уште пет локации на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
Шарени продавнички, штандови за вафли и разџагорени улици - Зошто да го посетите Брисел во најскоро ... Брисел – ако сè уште ја немате посетено белгиската престолнина тоа, направете го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg