5-те најубави плажи во близина на Кавала (идеални и за забава и за одмор со деца)

Плажата Vrasida е сместена во залив, помеѓу Ammolfi и Nea Peramos, и е една од најегзотичните плажи близу Кавала. Тиркизната вода и златниот песок даваат прекрасен контраст на зелената шума зад неа. Ова е една од најпопуларните плажи во регионот, па ако сакате да фатите добро место, дојдете порано наутро. Дали некогаш сте посетиле некоја од прекрасните плажи во близина на Кавала?

5-prekrasni-plazhi-blizu-kavala-koi-mozhe-da-gi-posetite-vo-juni-2023-01_copy.jpg

Кавала е фасцинантен град во јужниот дел на Грција, до кој се стигнува брзо од Солун. Тој е комбинација од модерен, живописен дел од една страна, и стар, историски дел од другата.

Но, она што ја прави Кавала посебна се и бројните плажи во близина на градот. Сино-зеленото море и златните песочни плажи го прават брегот околу Кавала едно од омилените места на Грците за летен одмор.

Плажите се лесно достапни со автомобил, а истовремено се совршени и за семејства со деца, но и за оние што сакаат забава.

Од Кавала се фаќа и траект за Тасос. Па, ако летувате на овој познат грчки остров, зошто да не посетите една од овие прекрасни плажи пред или по летувањето?

Кои се 5-те најпопуларни плажи во близина на Кавала?

Paleo

Една од најголемите плажи близу Кавала е Paleo – прекрасна плажа со златен песок и плитка вода, идеална за семејства со мали деца.

Зад плажата има мала шума, па кога е најжешко можете да се скриете под сенката на дрвјата.

Во близина има и неколку таверни со традиционална грчка храна, но и морски специјалитети.

До плажата се стигнува со автомобил, а оддалечена е 9 километри од Кавала.

Nea Iraklitsa

Малку подалеку, на околу 15 километри од Кавала, се наоѓа плажата Nea Iraklitsa, позната и како Alana Beach.

Популарна е поради златниот песок, но и можноста за забава.

Од една страна, тука се баровите кои нудат лежалки на плажа, а од друга страна е пустиот дел, каде што самите можете да си поставите лежалка и чадор за сонце.

До плажата се стига лесно со автомобил.

https://www.instagram.com/p/Cm6Z_MtLGHQ/

Ammolofi

Плажата Ammolofi е долга скоро 3 километри и поделена е на три дела.

Преку ден е мирна, но ако сакате забава покрај плажа, тука навечер се организираат и многу журки.

Освен тоа, нуди забава и за оние што сакаат да пробаат спортови на вода.

Околината е тропска, со сино-зелена вода на морето и планина зад плажата.

Оддалечена е на 22 километри од Кавала, и до неа се доаѓа со автомобил.

Nea Peramos

И оваа плажа, како и повеќето во близина на Кавала, е долга, убава и со ситен песок.

Водата е зелено смарагдна и плитка, па е една од најпопуларните за семејства со мали деца.

Нема многу посетители и прилично е мирна.

Во еден дел има барови со лежалки и чадори за сончање, но во другиот дел е дива, па можете и сами да поставите лежалка.

Се наоѓа на 18 километри од Калава и лесно е достапна со автомобил.

Vrasida

Плажата Vrasida е сместена во залив помеѓу Ammolfi и Nea Peramos и е една од најегзотичните плажи близу Кавала.

Тиркизната вода и златниот песок даваат прекрасен контраст на зелената шума зад неа.

Ова е една од најпопуларните плажи во овој регион, оддалечена на 23 километри од Кавала.

Па, ако сакате да фатите добро место, препорачливо е да дојдете порано наутро.

A. J. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...
5 интересни опции за луѓето кои не сакаат летниот одмор да го поминат на плажа Можете да посетите некои од скандинавските земји, или пак некои од европските гр...
14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg