Уникатниот шарм на Нови Сад – градот кој со својата ведрина и питомост нуди неповторливо искуство

Скоро и да не постои некој што го посетил Нови Сад, а не бил воодушевен од неговата специфична убавина и космополитски дух. Главниот град на Војводина остава силен впечаток со својот уникатен шарм, питомост и ведрина. Па не е ни чудо што градот и неговите жители се опеани во песните, што е вечна инспирација на поетите и композиторите. 

unikatniot-sharm-na-novi-sad-gradot-koj-so-svojata-vedrina-i-pitomost-nudi-nepovtorlivo-iskustvo-01_copy_copy.jpg

Иако е прекрасен во секое време од годината, Нови Сад особено плени на лето со градската плажа на брегот на Дунав, отворените летни бавчи, шармантните ресторани со музиката на тамбурашите и вкусните специјалитети, богатиот ноќен живот, фестивалите на отворено и незаменливиот EXIT.

Духот на градот не остава никого рамнодушен, а секоја посета ја прави ново, неповторливо искуство.

Нови Сад е приказна која мора да се доживее. Но, од каде да почнете?

unikatniot-sharm-na-novi-sad-gradot-koj-so-svojata-vedrina-i-pitomost-nudi-nepovtorlivo-iskustvo-12_copy.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Тајната скриена под „Пијаниот часовник“

Еден од симболите на градот е „Пијан часовник“, кој се наоѓа на Петроварадинската тврдина. Името го добил поради несекојдневниот начин на работа – малата стрелка ги покажува минутите, а големата часовите.

Во минатото ова им помагало на морнарите кои со бротчиња пловеле по реката, од голема далечина да дознаат колку е часот, бидејќи во тоа време часовите биле поважни од минутите.

Освен необичниот часовник, атракција на Петроварадинската тврдина се и подземните воени галерии, кои се поделени на 4 ката, а се протегаат на површина од 16km.

Дел од нив се отворени и за јавноста, па посетителите стануваат сведоци на тоа каков бил животот во градот од XVIII до XX век.

unikatniot-sharm-na-novi-sad-gradot-koj-so-svojata-vedrina-i-pitomost-nudi-nepovtorlivo-iskustvo-13.JPG
фото: Александар Милутиновиќ

Младост, оптимизам и EXIT

Нови Сад е млад град, кој постои нешто повеќе од 3 века. Од самото основање неговите жители тежнееле кон самостојност и успевале да ја задржат својата слобода и ведар дух.

Во тој стил е направен и симболот на градот – гулаб со маслинова гранка во клунот, централниот градски плоштад и мостот преку Дунав, кои во своето име го носат и зборот „слобода“.

Но, можеби најголемиот двигател на позитивна енергија е фестивалот EXIT, кој постои преку 20 години.

Омилениот регионален фестивал секоја година собира преку 200.000 посетители од целиот свет, кои заедно уживаат во музиката на преку 1.000 изведувачи, распоредени на Петроварадинската тврдина на 40 бини и фестивалски зони.

unikatniot-sharm-na-novi-sad-gradot-koj-so-svojata-vedrina-i-pitomost-nudi-nepovtorlivo-iskustvo-06.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Златниот сјај на римските шлемови за паради

Најубавите предмети од римско време кои се најдени во регионот се наоѓаат во колекцијата на Музејот на Војводина.

Станува збор за три позлатени шлемови за паради од IV век. Едниот од нив е богато украсен со имитација на скапоцени и полускапоцени камења.

Се верува дека шлемовите симболизирале моќ, а нивни сопственици биле истакнати војсководци.

Во светот постојат 15 вакви шлемови, а 3 од нив се во Музејот на Војводина.

unikatniot-sharm-na-novi-sad-gradot-koj-so-svojata-vedrina-i-pitomost-nudi-nepovtorlivo-iskustvo-11.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Бастион на уметноста и инспирацијата

Петроварадинската тврдина, која некогаш била главното упориште на бранителите на градот, денес е дом на најголемата неформална уметничка колонија во светот.

Тука веќе 70 години доаѓаат и творат голем број уметници од целата планета.

Дека е вистински град на културата, покажуваат и трите најголеми галерии, кои соработуваат меѓусебно за да го сочуваат и да им го претстават најдоброто од градот и од регионот, на своите посетители.

unikatniot-sharm-na-novi-sad-gradot-koj-so-svojata-vedrina-i-pitomost-nudi-nepovtorlivo-iskustvo-03.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Магија на мириси и вкусови

На брегот на Дунав особено внимание привлекуваат локалните ресторани и таверни, надалеку прочуени по своите рибји специјалитети.

За вкусот на рибата да биде потполн, тука се и вината од фрушкогорскиот реон, во кој лозјата датираат и од III век.

Сепак, доживувањето нема да биде комплетно без посетата на некој од војводинските салаши – домаќински ресторани со домашна храна и месени специјалитети, кои нудат можност и за јавање коњи. Вистинско неповторливо искуство.

unikatniot-sharm-na-novi-sad-gradot-koj-so-svojata-vedrina-i-pitomost-nudi-nepovtorlivo-iskustvo-14.JPGфото: Александар Милутиновиќ

Фрушка Гора – мевлем за душата и идеално место за бегство од градскиот метеж

Секој што ќе ја посети сремската страна на градот, ќе го дочека неверојатната глетка на Фрушка Гора – планината која стои осамена како остров среде панонската рамнина.

Оваа несекојдневна оаза на мирот, со природна убавина и духовност, се наоѓа на само 15km од градот.

На падините доминираат лозовите насади, на врвовите густата шума, а во долината лежат 22 фрушкогорски манастири.

unikatniot-sharm-na-novi-sad-gradot-koj-so-svojata-vedrina-i-pitomost-nudi-nepovtorlivo-iskustvo-07.jpgфото: Александар Милутиновиќ

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Неверојатниот шарм на Дојран – градот кој на лето со „Д фестивал“ се трансформира во најголемиот цен... Дојран, шармантното, мирно гратче на југот на Македонија, кое како да спие преку...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg