Евтино, а убаво: 5 локации во Албанија со најниски цени за одмор покрај море

Летото е во полн ек, температурите се високи и единствен спас од горештините е престојот покрај вода. Албанија е одлична дестинација за летување и може да биде многу поевтина варијанта од одмор во соседната Грција.

evtino-a-ubavo-5-lokacii-vo-albanija-so-najniski-ceni-za-odmor-pokraj-more-01.jpg

Многу Македонци како дестинација за летен одмор ја одбираат Албанија.

Иако причината за изборот на Албанија како дестинација за одмор е најчесто убавиот пристап до Јадранското и Јонското Море, она што игра важна улога секако се цените кои се пониски и до 30-40 отсто во споредба со Грција, Црна Гора или Хрватска.

Сепак, цените овде варираат во зависност од периодот во годината, како и услугите кои ги барате.

Доколку планирате да изнајмувате лежалки во популарните туристички места како што се Драч, Валона, Саранда или Ксамил, просечната цена се движи од 200 до 500 албански леки (120 - 300 денари) за цел ден. Во цената е вклучено и користење и на чадор. 

Ако Албанија е ваш избор за летување годинава, ова се петте најпопуларни, но и најевтини локации:

1. Драч

Излегува на Јадранско Море, а е омилено место за семејства со деца. Сепак, има одлични места за забава. Овде најмногу се бараат all inclusive хотели.

Хотелите се главно на само неколку минути од песочната плажа. Освен уживање на плажа и покрај базен, овде можете да посетите бројни историски атракции, како на пример римското, италијанското и османлиското наследство.

  • Апартман за 4 лица од ноќевање – 40-60 евра
  • Хотелско сместување за 2 лица (ноќевање со појадок) – 50-70 евра
  • Хотелско сместување за 2 лица (all inclusive услуга) - 130 евра (хотел со 4 ѕвезди), 150 евра (хотел со 5 ѕвезди)

2. Валона

Ова е еден од поголемите градови во Албанија, се наоѓа во централна Албанија, на самата граница на Јадранското и Јонското Море и е популарен благодарение на одличните врски со земјите од нашиот регион.

Освен самиот град со прекрасното шеталиште покрај морето и понудата на бројни хотели, гостите со задоволство избираат и помали места на околу петнаесет километри од градот - Радиме и Орикум, кои во последните години забрзано се прославуваат како дестинации.

Во регионот на Валона можете да изберете хотели на брегот со услуга за појадок, хотели со базени, но и хотели со all inclusive услуга.

  • Цена на апартман за 4 лица по ноќевање во Валона – 40-50 евра
  • Цена на хотелско сместување за 2 лица (ноќевање со појадок) – 50-70 евра
  • Цена на хотелско сместување за 2 лица (all inclusive услуга) – 140 евра

3. Саранда

Ова е едно од најпопуларните летувалишта во Албанија. Градот се наоѓа на југот на Албанија, недалеку од албанско-грчката граница, има поглед на Јонското Море и е идеална опција за сите видови туристи - за семејства, млади и постари лица.

Саранда има прекрасно градско шеталиште, бројни плажи во градот и неговата околина, како и безброј таверни и ресторани со одлични специјалитети од морска храна.

Патувањето до Саранда е лесно, главно по автопат или одличен главен пат.

  • Цена на апартман за 4 лица по ноќевање во Саранда – 50-70 евра
  • Цена на хотелско сместување за 2 лица (ноќевање со појадок) – 60-90 евра

 

4. Химара

Мало, прекрасно место, на самиот брег на Јонското Море - јужно од Валона и северно од Саранда. Регионот околу Химара се смета за област со најубавите плажи што може да ги понуди Албанија.

Самата Химара како мал град има убаво шеталиште, неколку пространи плажи, како и многу ресторани со медитеранска кујна.

Гостите најчесто избираат хотели на првата линија до морето, кои им овозможуваат целосно да се релаксираат во градот и на плажа за време на нивниот летен одмор.

Цените за сместување се ориентационо исти како и во Валона.

 

5. Борш

Се наоѓа во јужниот дел на Албанија, недалеку од градот Химара и северно од градот Саранда. Плажата е долга дури седум километри, а главна карактеристика на ова село е што сè уште не е премногу урбанизирано.

Во Борш нема големи хотели и комплекси, како и организирано шеталиште, бидејќи фокусот е на мирен одмор, без прекумерна гужва и урбани погодности.

Гостите најчесто ја избираат плажата Борш доколку сакаат да се одморат во некое од мирните летувалишта во Албанија. Овде може да најдете апартмани со цени од 35 евра по ноќевање, до 120 евра.

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
„Бев во Неи Пори овој јуни 2023, лежалка со кафе е 5 евра, морето е уште студено, но едно селце кое ... „Пријатно бев изненадена од ниската цена на вилата во која во престојував, од не...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg