12 причини зошто треба да оставите сè и да заминете во Германија

Се смета за една од најбезбедните земји во светот, надалеку е позната по пивото и колбасите, рај е за љубителите на спортот и екологистите... Ова се 12 причини зошто треба (да оставите сè и) да се преселите во Германија.

12-prichini-zoshto-treba-da-se-preselite-vo-germanija-01_1.jpg

Многу Македонци избираат да заминат во Германија во потрага по поинаков живот. Повеќето одат поради работа, но има и такви кои, едноставно, ја сакаат оваа земја и сакаат да го сменат своето секојдневие.

Ако размислувате за живот во Германија, постојат (барем) 12 причини зошто треба да оставите сè и да заминете во оваа земја:

Германија е рај за екологистите и љубителите на природа, бидејќи 1/3 од државата е прекриена со шуми, ливади и паркови, а тоа значи и чист воздух.

12-prichini-zoshto-treba-da-se-preselite-vo-germanija-03.jpg

Во Германија секогаш ќе можете да пробате вкусна храна, која се базира најмногу на месо, зелка и компири.

Германците се надалеку познати по различните видови колбаси и переци, особено баварскиот перек. Но, бројни се и рестораните со интернационална кујна, кои нудат храна за сечиј вкус.

12-prichini-zoshto-treba-da-se-preselite-vo-germanija-12.jpg

А, ако сте љубител на пивото, секој октомври ќе ви биде фешта, бидејќи во Минхен се одржува традиционалниот „Октоберфест“ кој трае цел месец.

12-prichini-zoshto-treba-da-se-preselite-vo-germanija-06.jpg

Се смета за една од најбезбедните земји за живеење во светот.

Таа се најде на 22-то место во 2019-та година, на листата од 163 држави.

12-prichini-zoshto-treba-da-se-preselite-vo-germanija-14.jpg

Ако сакате мир и тишина, ова е идеалното место за вас.

Во Германија има закони кои забрануваат врева и гласна музика помеѓу 13 и 15 часот напладне, освен во недела, кога „тивките часови“ се од 22 часот навечер до 6 часот во понеделник наутро.

12-prichini-zoshto-treba-da-se-preselite-vo-germanija-08.jpg

Германија е позната по малите градови со специфична архитектура и прекрасните замоци.

Еден од нив, Neuschwanstein, е инспирација за замокот кој е нацртан во анимираниот филм Sleeping Beauty на Дизни.

12-prichini-zoshto-treba-da-se-preselite-vo-germanija-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg