Ресорт направен како реплика на Санторини е хит во Кина (фото+видео)

Во кинеската провинција Јунан, има ресорт кој е како реплика на Санторини, а бидејќи Кинезите биле вљубени во грчкиот остров, местото е хит кај нив.

resort-napraven-kako-replika-na-santorini-e-hit-vo-kina-foto-video-01.jpg

Санторини е една од најатрактивните дестинации во Грција. Но, освен за Европејците, Грција сепак е далечна дестинација и само патот дотаму може да чини мало богатство.

За повеќето Кинези, кои се практично на другиот крај на светот, Грција, а со тоа и Санторини е недостижна дестинација.

Но, добро познат факт е дека Кинезите се мошне креативни, па решиле да си го донесат Санторини кај нив.

Во кинеската провинција Јунан е отворен ресорт кој е мала реплика на живописниот Санторини.

resort-napraven-kako-replika-na-santorini-e-hit-vo-kina-foto-video-04.jpg

Ресортот е вистински хит кај Кинезите кои не можат да си дозволат да пропатуваат 7.000 километри само за грчкиот остров.

Европејците, а и Грците, дознаа за репликата на Санторини благодарение на инфлуенсерка со германско-италијанско потекло која патува низ светот.

resort-napraven-kako-replika-na-santorini-e-hit-vo-kina-foto-video-03.jpg

Таа сподели видео од „кинескиот Санторини“ кое има скоро 60.000 лајкови.

„Претпоставувам дека веројатно не сте знаеле за ова место. Се прашувам дали луѓето од Грција и луѓето од Санторини знаат дека има реплика на Санторини.

Ако се прашувате зошто - па, Кинезите многу ја сакаат атмосферата на единствениот Санторини и некогаш може да им биде тешко да патуваат толку далеку. Па, зошто да не си направат свој?“, стои во описот на објавата.

На видеото се гледа дека ресорот навистина премногу наликува на убавиот остров – има бројни бели градби со сини покриви, а овде се и тесните улички со калдрми.

Ресорот има неколку базени, а инфлуенсерката се шегува дека дури и ветрот ја потсетува на Санторини.

Според грчкиот медиум Greek City Times, изградбата на ресортот чинела околу една милијарда евра.

Ресортот е изграден покрај локално езеро и освен сместување, за туристите нуди продавници за облека, како и ресторани кои служат грчка храна.

Повеќе фотки од ресортот во продолжение:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
„Го посетив Мехелен - белгиско гратче со калдрмисани улички и прекрасна архитектура на 20 минути од... Мехелен е мало белгиско гратче кое се наоѓа помеѓу популарните и раздвижените гр...
Матка и уште 7 живописни кањони во Европа што го одземаат здивот Од Матка во Македонија, до Samaria на грчкиот остров Крит, Европа крие бројни жи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg