Идеални места за одмор во февруари

idealni-mesta-za-odmor-vo-fevruari-povekjeСакате патувања, сакате да запознаете места за кои сте сонувале, имате енергија да се запознаете со културите поразлични од оние на кои сте навикнале...


...а немате идеjа од каде да почнете.

Немојте да се грижите ќе ви предложиме дестинации кои без исклучок ќе остават трага во вашите срца, сеќавање кое ќе го прераскажувате секогаш кога за тоа ќе имате можност.

1. Канарски острови

idealni-mesta-za-odmor-vo-fevruari-1

 Овие острови се наоѓаат во Атланскиот океан во јужно Мароко и се автономна покраина на Шпанија. Ги има вкупно 12, а за одмор најдобри се Lanzarot, Tenerife и Gran Canaria. Идеален избор за зимски прошетки на сонце и за оние кои што сакаат промена.

Ланцарот (Lanzarot) е најисточниот остров со преубави песочни плажи, драматични вулкански предели кои се разгледница сами за себе, а малите села ќе ве остават без здив.

Тенерифе е најголемиот остров во овој островски ланец и на него се наоѓа најголемиот врв во Шпанија, Piko de Teide, па планинарите не треба да се двоумат.

Исто така планинските венци на Gran Canaria се предизвик за оние кои не би уживале за цело време на преубавите плажи со бел песок, кои настанале со таложење на песок од Сахара.


2. Денот на заљубените во Венеција

idealni-mesta-za-odmor-vo-fevruari-2

 Каде да се помине денот на заљубените, ако не во Венеција, градот во кој според литературно дело се поставени стандардите на романтиката. Славниот град е создаден на архипелаг од преку 100 островчиња, во него се наоѓаат преку 200 канали и 400 мостови, а по богатата архитектура е на самиот врв на најубави светски градови. Оние кои ќе ја посетат Венеција преку зима имаат поголеми шанси за вистинско уживање, бидејќи има помалку гужва отколку во лето. Да се биде во Венеција, а да не се посети ренесансната палата Кавали од 16-тиот век е непростливо.


3. Aгра – дијамантот на Индија

idealni-mesta-za-odmor-vo-fevruari-3

 „Ова е вистинската Индија. Земјата на соништата и романтиката...тигри и слонови...земја на стотина јазици и илјда религии...колевка на човечката раса, мајка на историјата, баба на легендите... Една единствена земја под Сонцето која сите сакаат да ја видат, а кога ќе ја видат нејзиниот сјај е еднаков на сјајот на сите земји заедно“ – напишал Марк Твен во дамнешната 1897 година.

Наша препорака е да се посети Aгра, град на север и да се откријат туристичките потенцијали на оваа земја. Наоружајте се со добро расположение, фотоапарат, а во рубриката „задолжително да се види“ штиклирајте го Таџ Махал. Неговите мермерни куполи ќе ве остават без здив.

Би можело да ве интересира:

10-те најдобри туристички искуства во Хрватска, според посетителите Хрватска е една од омилените дестинации за нашите, но и за светските туристи. Се...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
Шарени продавнички, штандови за вафли и разџагорени улици - Зошто да го посетите Брисел во најскоро ... Брисел – ако сè уште ја немате посетено белгиската престолнина тоа, направете го...
Очекување vs. реалност: Мрачната страна на животот во Њујорк Многу луѓе – и локалци и туристи, ѓубре по улиците и минијатурни, но многу скапи...
Британска новинарка воодушевена од Македонија: „Бев во една од најмалку посетените европски дестинац... „Како земја без излез на море, Македонија нема крајбрежје со кое ќе ги привлече ...
Вранско Езеро во Хрватска - уникатна дестинација со неверојатен поглед (фото) Сместено во близина на морето и опкружено со чудесна природа, Езерото е дом на и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg