Седум причини зошто го сакаме Париз

По мислењето на многумина, Париз е најубавиот и најромантичен град во светот. Тоа е градот на љубовниците, уметниците, врвната мода, највкусното вино...

Избравме само седум од многуте карактеристики на Париз кои сигурно ве асоцираат на него.

1. La Tour Eiffel

sedum-pricini-zosto-go-sakame-pariz-1

Неспоредливата Ајфелова кула. Гордо го зазема првото место кога станува збор за најубавите светски градби. Конструирана е од страна на Густав Ајфел, во далечната 1889 година, по повод Светската изложба. Чекањето за искачувањето на врвот навистина вреди. Погледот кон прекрасниот Париз може да го засладите со вкусно пенливо вино, кафе или пак вкусните француски специјалитети.


2. Гламур

sedum-pricini-zosto-go-sakame-pariz-2

Уште од 17 век Париз се смета за центар на модата, стилот, културата, книжевноста и уметноста воопшто. Денес, Париз асоцира на звучни модни креатори кои ги осмислуваат актуелните трендови.


3. Le Louvre

sedum-pricini-zosto-go-sakame-pariz-3

Величествена градба и најпознат музеј во кој можете да бидете сведоци на уметноста која датира пред многу години. Ако сте љубител на уметноста, Лувр е правото место за вас. Конечно ќе ја погледнете Мона Лиза во вистинска големина, сликата на Леонардо исто како и многу споменици на древните цивилизации. Тука се наоѓа и накитот и огледалото на Жозефина, која е првата љубов на Наполеон и негова прва законска сопруга.


4. George Pompidou

sedum-pricini-zosto-go-sakame-pariz-4

Зграда на музеј која веднаш ќе ве привлече со својата конструкција. Направена е по барање на тогашниот претседател Жорж Помпиду, кој имал една единствена желба – Париз да го направи оригинален музеј посветен на современата уметност.


5. Les fromages et les vins

sedum-pricini-zosto-go-sakame-pariz-5

Француските вина ги воодушевуваат сите љубители на овој пијалок ширум светот. Доколку сте љубител и на вкусните сирења и кашкавали, тие сте одличен спој. Сирењата по традиција се служат после главното јадење, пред десертот, додека вината се нешто задолжително кога станува збор за вкусен ручек или вечера.


6. Монмартр

sedum-pricini-zosto-go-sakame-pariz-6

Во подножјето на Монматр ќе здогледате интересен споменик кој е посветен на љубовта. Станува збор за ѕидот наречен Le mur des je t’aime, на кој на над 300 јазици пишува „Те сакам“.


7. La Defense

sedum-pricini-zosto-go-sakame-pariz-7

Бизнис област која изгледа како град на иднината. Тука ќе ги сретнете зградите на најзначајните светски компании, изградени во модерен стил. Во оваа област нема многу туристи или случајни минувачи, исклучиво овде се движат групи на соработници облечени во скапи одела кои пијат вкусно кафе додека прават пауза од работата.

Би можело да ве интересира:

Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
„Бев во Неи Пори овој јуни 2023, лежалка со кафе е 5 евра, морето е уште студено, но едно селце кое ... „Пријатно бев изненадена од ниската цена на вилата во која во престојував, од не...
Шарени продавнички, штандови за вафли и разџагорени улици - Зошто да го посетите Брисел во најскоро ... Брисел – ако сè уште ја немате посетено белгиската престолнина тоа, направете го...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
„Го посетив Мехелен - белгиско гратче со калдрмисани улички и прекрасна архитектура на 20 минути од... Мехелен е мало белгиско гратче кое се наоѓа помеѓу популарните и раздвижените гр...
Фрушка Гора - бисерот на Војводина кој ќе ве плени со вековните манастири и винската понуда Оние што ги посетиле Нови Сад и фрушкогорскиот регион велат дека гастрономската ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg