Водич низ Мадрид: Места кои мора да ги посетите

Ако патот ве однесе во срцето на Шпанија, тогаш не дозволувајте си да заминете, а да не ги посетите овие места...

vodic-niz-madrid-mesta-koi-mora-da-gi-posetite-1

Станува збор за најзначајните и најпопуларните места и архитектури кои ќе ви го одземат здивот.

Ако Мадрид е вашата следна дестинација, тогаш овој мини водич ќе ви биде од голема помош:

Royal Palace Madrid

Станува збор за најголемата зграда во Мадрид, а слободно може да се опише и како една од најубавите. Лоцирана е на плоштадот Plaza de Oriente и изградена е во 1974 година на местото каде што некогаш се наоѓал дворец, кој бил опожарен. Царската палата е најголемиот објект во цела Западна Европа, а околу неа уште можат да се видат остатоците од старата палата која ја изградил архитектот Филипо Хувара за тогашниот цар Филип V. Еден дел од оваа палата е преуреден во музеј каде се наоѓаат автентичните прикази на палатата, но и многу други уметнички дела.

vodic-niz-madrid-mesta-koi-mora-da-gi-posetite-2


Cathedral de la Alamunda

Зградата е компилација од повеќе стилови, па така нејзината надворешност е во неокласичен стил, а во внатрешноста изобилува готскиот стил. Станува збор за старата црква која е преуредена во сегашна катедрала Santa Maria la Real de la Alamunda. Катедралата се наоѓа помеѓу плоштадот Америка и Царскиот плоштад и истата е секојдневно отворена за посетители.

vodic-niz-madrid-mesta-koi-mora-da-gi-posetite-3


La Plaza Mayor

Станува збор за главниот плоштад во Мадрид и е сместен во самиот центар на градот. Околу плоштадот се протегаат стари згради со големи тераси чиј поглед е директно на плоштадот. Сите главни случувања се одвиваат токму тука и ова место е идеално за дегустација на шпанското вино.

vodic-niz-madrid-mesta-koi-mora-da-gi-posetite4-


Puerta de Sol

Најпопуларниот, но и најголем централен плоштад во Мадрид кој се наоѓа само на неколку минути пешки од големиот плоштад. Порано токму на ова место се наоѓала големата градска капија, а денес истиот има полукружна форма по последното реновирање во 19-ти век. Ова место е многу привлечно за туристите, бидејќи тука се лоцирани најголемиот број кафулиња, ресторани и продавници.

vodic-niz-madrid-mesta-koi-mora-da-gi-posetite-5-


Puerta de Acala

Оваа капија денес е симболот на Мадрид. Лоцирана е само на неколку метри од старата капија изградена во далечната 1559 година, во знак на добредојде на Маргарита од Австрија, жената на царот Филип Трети. Нешто подоцна во 1779, владетелот Карло Трети го променил изгледот на оваа капија. Инаку, се наоѓа во источниот дел од градот во средината на една од најстарите улици на Мадрид.

vodic-niz-madrid-mesta-koi-mora-da-gi-posetite-6

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
10 места на грчкиот остров Тасос што вреди да ги посетите Од лагуната Giola со природен карпест базен, до планинското село Panagia, на Тас...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg