Tоп 10 градови кои треба да ги посетите во 2015 година според Lonely Planet

6. Пловдив, Бугарија

Тоа е еден од поубавите стари градови во Европа, заобиколен од Родопските Планини. Неговите некогашни урнатини се претворени во модерен спортски комплекс. Некои комунистички објекти пак, се претворени во музеи, ресторани и хотели.

Пловдив е еден од најразличните европски градови во однос на уметноста, зависно од периодите и влијанијата во текот на времето.

Во традиционалните ресторани на Плиовдив, најдобро е да започнете со ракија и шопска салата, пред да ја пробате нивната скара.

Она што е посебно атрактивно е рафинеријата за масло од рози кое е надалеку познато по автентичноста и специфичната обработка.

10-najdobri-gradovi-koi-treba-da-gi-posetite-vo-2015-6.jpg


7. Солсбери, Велика Британија

Се наоѓа на патот пред познатиот Стоухенџ, и често претставува попатна станица. Но, во 2015 година посетителите ќе сакаат да го посетат, посебно за време на прославата на 800 години од нивното најголемо богатство, Големата повелба за правата Magna Carta.

Има многу интересни историски места кои може да се посетат, а кога ќе сакате да направите пауза за ручек, може да посетите некој од локалните барови, каде се служи одлична храна и пиво.

10-najdobri-gradovi-koi-treba-da-gi-posetite-vo-2015-7.jpg


8. Виена, Австрија

Еден од најевропските градови, со вистински класичен шарм, кој освојува со својата истовремена историска вредност, но и со модернизацијата.

Се смета за град на уметноста, класичната музика, но и како образовен центар. Универзитетот во Виена ќе прослави 650 години во 2015. Тука се наоѓаат едни од највеличенствените дворци, како што е Шенбурн.

Подеднакво како класиката и историјата, застапени се и модата и храната. Ако сакате да уживате во типичен австриски појадок или да пробате некое од 120-те видови сирење, тогаш одберете некој локален ресторан.

10-najdobri-gradovi-koi-treba-da-gi-posetite-vo-2015-8.jpg


9. Ченаи, Индија

Тој секогаш е еден од најзаобиколуваните градови во Индија. Додека патниците се упатуваат само кон Делхи, Мумбаи или Колката, овој град секогаш се доживувал само како попатна станица кон другите места.

Неговите жители се надеваат тоа да се промени во 2015 година со отворањето на подземната метро железница, како прв ваков транзит систем во Индија. Со тоа сите ќе бидат поттикнати да го развијат повеќе овој град и да го направат поинтересен за туристите кои ќе поминуваат низ него.

Во Ченаи има што да видите и сега, од Институтот за класични индиски танци, фасцинантни музеи, 3 километарски плажи, ноќни клубови  и втората најголема филмска индустрија „Kollywood“.

Традиционалната храна таму се служи на лист од банана, а популарни се палачинките од ориз.

10-najdobri-gradovi-koi-treba-da-gi-posetite-vo-2015-9.jpg


10. Торонто, Канада

Градот со најмногу измешани култури, каде се зборуваат над 140 јазици, ќе биде особено раздвижен и во 2015 година кога се организираат т.н. Pan American Games (мултиспортски дисциплини) и се очекуваат околу 250.000 посетители.

Ако сте љубители на ноќната забава тогаш не смеете да го одминете, бидејќи се смета за жив град, со многу локали и бурен ноќен живот како во Њујорк и Монтреал.

Покрај тоа, има многу места и монументи кои вреди да се посетат.

10-najdobri-gradovi-koi-treba-da-gi-posetite-vo-2015-10.jpg



Би можело да ве интересира:

7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Неверојатниот шарм на Дојран – градот кој на лето со „Д фестивал“ се трансформира во најголемиот цен... Дојран, шармантното, мирно гратче на југот на Македонија, кое како да спие преку...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg