7 Најизолирани градби во светот

Сите понекогаш посакуваме да поминеме некое време во малку тишина, мир и да отидеме на некое место, далеку од цивилизацијата.

7-najizolirani-kukji-vo-svetot-2

Токму такви се и овие изолирани градби без соседи и бучава, изградени на места, кои не можете ниту да ги замислите.

Овие 7 градби важат за најизолираните места за живеење во светот:


1. Манастирот Света Троица во Грција

Високо на карпестата планина Метеора се наоѓаат не еден туку седум манастири, кои и ден денес се во функција. Најстариот манастир е „Света Троица”, а истиот изгледа како да ѝ пркоси на гравитацијата гледајќи директно кон грчкиот град Каламбака. Ако сакате да стигнете до манастирот треба да искачите 140 скалила и да се соочите директно со работ на карпата.

7-najizolirani-kukji-vo-svetot-1

7-najizolirani-kukji-vo-svetot-2


2. „Доволна е една соба”, Канада

Сместена на реката Сент Лоренс, оваа мала куќа го носи името „Доволна е една соба”, бидејќи и самата е изградена на мало островче кое ја држи само оваа градба и ништо повеќе. Сопствениците немаат соседи и уживаат во прекрасниот мини двор на тремот од куќата.

7-najizolirani-kukji-vo-svetot-3jpg

7-najizolirani-kukji-vo-svetot-4jpg


3. Ермитраж на Сан Коломбано, Италија

Самата градба испраќа јасна порака дека не сака да биде вознемирувана од луѓето. Изградена во далечната 1319 година, оваа градба е сместена на висина од 120 метри директно во карпите.

7-najizolirani-kukji-vo-svetot-5jpg

7-najizolirani-kukji-vo-svetot-6


4. Високо на врвот, Централна Грузија

Токму на овој висок столб во 7. век била изградена мала христијанска црква. Во последните 20 години оваа црква била населена од еден свештеник, кој сега живее таму и ужива во прекрасниот поглед кон зелената природа. Дури и денес на жените им е забрането да се искачат на врвот од оваа изолирана куќа.

7-najizolirani-kukji-vo-svetot-7jpg

7-najizolirani-kukji-vo-svetot-8pg


5. Чудна дрвена куќа, САД

Во Монтана ќе наидете на многу чудна, мала дрвена куќа која гледа кон прекрасен природен пејзаж. Иако куќата не вреди ништо, но сепак важи за место кое нуди беспрекорен и магичен поглед кон природата.

7-najizolirani-kukji-vo-svetot-9pg

7-najizolirani-kukji-vo-svetot-10


6. Стокхолм, Шведска

Само на неколку километри од Стокхолм, се наоѓа оваа прекрасна, изолирана куќа, која уште се нарекува резиденција. Осамената куќа има прекрасни стаклени врати и надворешна сауна и е одлична за опуштање и бегство од цивилизацијата.

7-najizolirani-kukji-vo-svetot-11pg

 
7. Остров за една куќа, Исланд

Иако некои тврдат дека оваа куќа единствено се користи за складиште, сепак важи за најизолираната градба во светот. Но, кога би живееле тука, бидете сигурни дека нема да имате ниту соседи, ниту пак ќе бидете поврзани со цивилизацијата, туку ќе имате одмор за сите сетила.

7-najizolirani-kukji-vo-svetot-11

7-najizolirani-kukji-vo-svetot-12

Би можело да ве интересира:

Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
Фрушка Гора - бисерот на Војводина кој ќе ве плени со вековните манастири и винската понуда Оние што ги посетиле Нови Сад и фрушкогорскиот регион велат дека гастрономската ...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Викенд дестинација во Македонија: „Пливав во Отошничкото Езеро, дотаму има асфалтиран пат“ Понекогаш немаме многу време за размислување и кроење на детални планови кога са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg