Викенд дестинација во Македонија: „Пливав во Отошничкото Езеро, дотаму има асфалтиран пат“

Понекогаш немаме многу време за размислување и кроење на детални планови кога сакаме да заминеме на некое кратко патување. Барем да излеземе од секојдневниот шаблон и да се препуштиме на неколку часа уживање во природа.

otosnicko ezero uste edna destinacija za ispolnet den 8

Оние што се во близина на Кратово, Куманово, Крива Паланка… или кое и да е друго место, можат да одвојат еден ден за Отошничко Езеро, кое се наоѓа во непосредна близина на селото Отошница.

otosnicko ezero uste edna destinacija za ispolnet den 4

До сега оваа вештачко езеро го имам посетено два-три пати, а знам голем број на луѓе кои честопати му се навраќаат.

Последен пат го посетив пред неколку седмици, кога заедно со еден пријател решивме да излеземе од Куманово и прво што ни падна на памет беше Отошничко Езеро.

Се качивме во автомобилот и се возевме околу 45 километри пред да се паркираме на една ширинка од каде што се гледаше целото езеро. Мора да напоменам дека до таму има асфалтиран пат, така што барем за тоа не треба да се грижите, ако случајно се одлучите да го посетите.

otosnicko ezero uste edna destinacija za ispolnet den 1

Бев изненаден што имаше многу посетители и паркирани автомобили наоколу. Некои правеа скара покрај езерото, други се капеа, имаше и неколку големи друштва кои со гитара си го минуваа денот, како и рибари кои се постојана слика за оваа место.

otosnicko ezero uste edna destinacija za ispolnet den 5

Кога веќе стигнавме сакавме да најдеме некое добро место за капење, поради тоа што оние лесно достапните беа зафатени, решивме да пешачиме околу езерото во потрага по соодветна чистинка каде можеме да ги оставиме ранците и да се разладиме.

Иако беше топло, пешачењето не ни претставуваше проблем. По некои дваесеттина минути, конечно се стациониравме, откако нашите погледи го уловија она што го баравме.

otosnicko ezero uste edna destinacija za ispolnet den 6

Интересно е тоа што за Отошничко Езеро има гласини дека врие од змии, ама јас тој ден не видов ниту една. Иако кога пливав во зелената вода на езерото имав чувство дека некое змијче во секој момент ќе помине покрај мене или ќе излезе на површина.

Сепак, добро се разладивме на тие пеколни температури.

otosnicko ezero uste edna destinacija za ispolnet den 2

Оние кои имаат желба можат да поминат на ручек до етно ресторанот „Ранч“, но ние го скокнавме тоа и од една продавница во Ранковце купивме диња и застанавме во селото Војник да ја изедеме, пред да се си заминеме по дома.

otosnicko ezero uste edna destinacija za ispolnet den 3

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
5-те најубави плажи во близина на Кавала (идеални и за забава и за одмор со деца) Плажата Vrasida е сместена во залив, помеѓу Ammolfi и Nea Peramos и е една од на...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја) Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg