За оние кои ќе патуваат

za-onie-koi-ke-patuvaat-povekjeДа загубите нешто вредно е едно од полошите но, и мошне чести настани кои може да ви се случат додека патувате. Да, да, славењето може да ви...

 

...помине во еден куп нервози само за миг!

Најпаметно е вредните работи да ги оставите дома, но ако сепак не можете да си го замислите патувањето без омилениот накит, имајте неколку работи на ум:

1. За секој случај, направете список на работите што ги носите со себе, а имаат поголема вредност. Ќе ви биде од корист доколку сте осигурани, а и ќе знаете што сте понеле.

za-onie-koi-ke-patuvaat

2. Бидете внимателни, но и потрудете се да оставите впечаток дека навистина ја држите ситуацијата под контрола. Крадците најчесто избираат луѓе кои се преокупирани со други работи и изгледаат како да не внимаваат.

3. Доколку патувате со авион не ги пакувајте вредните работи во багажот што го чекирате. Секогаш чувајте ги со вас во рачниот багаж.

4. Работите од личниот багаж нека ви бидат лесно достапни.

5. Во корпите за багаж, при вршење на безбедносна контрола, не ставајте директно ситни предмети, како мобилни телефони, часовници и сл. Ваквите предмети секогаш чувајте ги заедно препорачливо во чанта со патент.

6. Секогаш чувајте го личниот багаж колку што е можно поблиску до вас.

7. Погрижете се сe да ви биде заклучено. Иако не можете да го чувате заклучен личниот багаж кога е на безбедносна контрола, ниту пак чекираниот додека е во авион, претходно погрижете се да ви биде на видик.

8. Користете го сефот во хотелската соба. Многу е важно вредните работи во собата да ви бидат под клуч. Постојат сефови кои може да ги понесете од дома што би било добар избор доколку во собата нема сеф.

9. Не го оставајте багажот во автобус кога сте на тура. Иако сите други го прават тоа, а и водичот вели дека безбедно, вие секогаш заклучувајте го она што мора да го оставите, а најважните работи понесете ги со себе.

Би можело да ве интересира:

Што треба да видите во Тунис на вашата прва посета, според позната инфлуенсерка од Србија? Оазата Чебика, колосеумот во Ел Џем и, секако, пустината Сахара се само дел од м...
Неверојатни плажи во јужниот дел на Португалија Само што ќе се спомене Португалија, веднаш ја поврзуваме со песочни плажи, сонче...
Спиење во капсула, вечера во ресторан каде служат роботи: Србинка докажува дека Јапонија е друг унив... „Jaпонија е свет за себе... Спиев една ноќ во капсула и мислам дека подолго не б...
Очекување vs. реалност: Мрачната страна на животот во Њујорк Многу луѓе – и локалци и туристи, ѓубре по улиците и минијатурни, но многу скапи...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
Топ 8 таверни и ресторани во Солун и околината, кои вреди да ги посетите Ergon Agora е еден од најпопуларните ресторани во Солун и најпосетуван од М...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg