За свеж воздух и мир: 5 европски рути одлични за со велосипед

Возењето велосипед ни дава можност да ги забележиме деталите – како Сонцето создава прекрасен отсјај на водата, интересното црцорење на птиците, мирисот на полето лаванда или пак шушкањето на гранките од дрвјата.

za-onie-koi-obozhuvaat-svezh-vozduh-5-evropski-ruti-odlichni-za-so-velosiped-001.jpg

Без разлика на кондицијата и подготвеноста, без разлика дали сте почетник или професионалец, дали сте се одлучиле да одите сами на одмор или со целото семејството, одморот на 2 тркала го нуди она на што се надевате, но и повеќе од тоа – т.е. прекрасни локации кои се совршени додека ги движите педалите.

А, ова се тие места:

1. Каталонија, Шпанија

На одмор од 5 ноќевања, каде најдобар пријател ви е велосипедот, истражете ја каталонската кујна, уживајте во свежо уловените морски плодови, а притоа восхитувајте се на погледот на медитеранската убавина од врвот на Пиринеите.

Оваа велосипедска рута која започнува во Барселона, се протега преку планинскиот венец кој ја одвојува Шпанија од Франција и завршува со посета на дворецот на Салвадор Дали, вклучува изнајмување на велосипед и пренос на багажот, сместување за 5 ноќи со полн пансион, грицки и пијалаци измеѓу оброци и посебни активности како дегустација на вино.

Рутата се состои од повеќе велосипедски патеки кои се прилагодени за различни можности на возачите, а велосипедот може да се движи со брзина од 20 до 50 километри дневно, во зависност од патеката која ќе ја изберете.

za-onie-koi-obozhuvaat-svezh-vozduh-5-evropski-ruti-odlichni-za-so-velosiped-6.jpg

2. Гелвеј, Ирска

Западниот дел на зелениот остров беше и остана неисцрпна инспирација на многу писатели како ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс или романсиерката Сесилија Ахерн по чиј роман е снимен популарниот романтичен филм „П.С. Те сакам“.

Градот Гелвеј и неговата околина е опеан во многу ирски песни. Распеаните луѓе на улица, гужвата во пабовите, живата музика и кренатите чаши се само некои од доживувањата кои ќе ги искусите на ова 8-дневно патување низ подрачјата кои се главно оддалечени од главните туристички локации, па ќе можете да уживате во прекрасното зеленило со сопствено темпо.

Можете да се движите со брзина од 35 до 60 километри дневно по прилично груб терен. Аранжманот вклучува 7 ноќевања со богат ирски појадок и вечера, изнајмување на велосипед, водич во комбе кое ве следи, пренос на багажот и карта за траект до Аранските острови кои се вистинско сокриено ирско богатство.

za-onie-koi-obozhuvaat-svezh-vozduh-5-evropski-ruti-odlichni-za-so-velosiped-2.jpg

3. Апулија, Италија

Крајниот југоисток од Италија е најдобро да го истражите на 2 тркала. Со лесната рута која почнува од градот Матера до главниот град Лече на улиците без сообраќај, подобро ќе ја запознаете петицата на популарната чизма и нејзините убавини како белите села, столетните стебла на маслинови дрва и пештери.

Меѓу бисерите се наоѓаат дури 2 наследства под заштита на УНЕСКО – римските урнатини и јадранските плажи. Понудата вклучува 7 ноќевања со појадок, пренос на багаж, означени карти, но НЕ и изнајмување велосипед.

za-onie-koi-obozhuvaat-svezh-vozduh-5-evropski-ruti-odlichni-za-so-velosiped-3.jpg

4. Меѓимурска жупанија, Хрватска

Ова е совршена дестинација за сите љубителите на велосипедизмот, активен одмор, а дури пости и хотел кој нуди комплетна инфраструктура наменета за рекреативни и професионални велосипедисти.

Од пералница за велосипед до станици за поправка, осигурена е комплетна инфраструктура која ќе го олесни одморот за секој кој сака совршен одмор на 2 тркала. На располагање имате преку 700 километри велосипедски патеки низ кои се протегаат дури 12 рути со означени точки од интерес на кои може да ги запознаете сите атракции кои ги нуди таа регија – од гастрономски до природни атракции особено оние покрај реката Мура или Драва. Една од поопупштените и полесни рути е онаа на рамничарскиот крај.

Со овие 2 реки и уметничкото езеро на реката Драва, ќе се запознаете со живописните гратчиња и селцата од меѓимурскиот крај. Првото нафтено поле во светот, дворецот Требоц, Скеларевата колиба и Спомен дом на рударите се само дел од занимливостите кои може да ги видите и доживеете на патот од дури 100 километри. Секако, како награда на крај од патот ќе биде гледање во небото прошарено со топлите бои од залезот на сонцето.

za-onie-koi-obozhuvaat-svezh-vozduh-5-evropski-ruti-odlichni-za-so-velosiped-5.jpg

5. Дунавска рута, Германија

Најубавите велосипедски рути се токму оние близу вода, па затоа Дунавската рута е една од најпознатите светски рути. Таа се протега низ 4 држави од изворот на големата река Дунав сѐ до нејзиното влевање во Црно Море. Дунавската рута започнува во Германија каде ве очекува интересен пејзаж и опуштено возење кое може да го продолжите и низ Австрија, Унгарија и на крај Романија.

Австриската рута е најпозната, па ако не сте љубител на гужва ви предлагаме да ја изберете германската. Исто така, со обѕир на тоа дека се работи за полесен пат таа е идеална за почетници, возење велосипед со семејството или за било кој кој на својот одмор сака само да ужива во природата и свежиот воздух додека ветрот му го милува лицето.

za-onie-koi-obozhuvaat-svezh-vozduh-5-evropski-ruti-odlichni-za-so-velosiped-4_copy.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
5-те најубави плажи во близина на Кавала (идеални и за забава и за одмор со деца) Плажата Vrasida е сместена во залив, помеѓу Ammolfi и Nea Peramos и е една од на...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
10-те најдобри туристички искуства во Хрватска, според посетителите Хрватска е една од омилените дестинации за нашите, но и за светските туристи. Се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg