Prypiat - град на духовите

prypiat-grad-na-duhovite-povekjePrypiat е град во северниот дел на Украина, на границата со Белорусија. Изграден е 1970-та година како дом за работниците во нуклеарната централа во Чернобил.

 

По големата нуклеарна катастрофа, во која експлодирал еден од нуклеарните реактори, градот е потполно евакуиран заради радијацијата.

Се проценува дека пред несреќата во Prypiat имало околу 50.000 жители, сите вработени во Чернобил.

prypiat-grad-na-duhovite-1

Во Советскиот Совет, кон крајот на 60-тите години владеела загриженост околу нуклеарната енергија.

При изградбата на нуклеарната станица украинската академија на науката инсистирала местото на изградба да биде оддалечено барем 100 km од најблиското населено место.

Советските власти ги послушале, и направиле посебна населба и за врабтените, но овозможиле слободен пристап до околните градови за да не се крева паника без потреба помеѓу населението.

prypiat-grad-na-duhovite-2

По несреќата во Чернобил, подоцна проценета како најголема нуклеарна катастрофа во историјата, по која речиси пола Европа беше изложена на радијација, градот Prypiat е евакуиран комплетно. Од тогаш, никој не живее овде, а вегетацијата во изминатите 20-тина години речиси го има проголтано.

prypiat-grad-na-duhovite-3

По катастрофата е изграден градот Slavutych, како замена за радиоактивниот Prypiat, а со оглед на тоа што електраната била санирана и продолжила со работа неколку недели по несреќата, на вработените им била потребна нова населба.

Денес, Украина ова подрачје го има претворено во туристичка атракција, иако некои зони се уште ги чува војската.  Нуклеарната електрана е изгасната во 2000-та година, а туристичките прошетки се околу градовите Prypiat и Slavutych.

Би можело да ве интересира:

4 европски острови кои вреди да ги посетите според Forbes: Хвар во Хрватска е на прво место Кои 4 европски острови вреди да се посетат според Forbes? Кои од нив се релативн...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
„Sahara Resort“ - луксузен бич бар во бохо стил на 30km од Солун (фото) Будење со утринско кафе и бранови, потоа уживање во некој од специјалитетите на ...
5 од најубавите пештери во Грција (каде што можете да пливате) Сините пештери на Закинтос и Мелисани на Кефалонија се едни од најубавите пештер...
3 кул светски дестинации, за патувачите на кои им е здодеано од „клише“ туристички места Милано? Посетено. Париз, Барселона, Будимпешта… Берлин и Амстердам. Доста е веќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg