Патувајте според вашиот карактер

patuvajte-spored-vasiot-karakter-povekjeОдлуката за патување не се темели само на тоа ако понудата е привлечна. Секој си има своја замисла за идеален одмор. Ако сте личност која сака...

 

...да се излежава на плажа со коктели сигурно дека нема да отидете на планинарење затоа што ве натерал партнерот.

Размислете дали сакате шопинг, посетување знаменитости, авантура или екстремни спортови. И, не го заборавајте својот карактер!

Ако сте:

patuvajte-spored-vasiot-karakter

1. Тивок тип. Обично сте резервирани, преферирате помали групи на луѓе, можеби само најблиските пријатели или семејството.

Не ви е проблем сами да отидете до музеј, времето да го поминете читајќи книга на плажа.

Во суштина, сакате активности кои го стимулираат вашиот интелект и ви помагаат да ги наполните батериите.

Места за вас се: Фиренца, Малдиви и Керала (Индија).

2. Отворен тип. Пријателски сте настроени, сакате излегување, сакате да бидете зафатени.

Друштвени сте и лесно стекнувате нови познанства. Сакате акција и авантура, интересни ресторани и клубови.

Места за вас: Дубаи, Тајланд, Хаваи, Гоа, Паг, Белград.

3. Експериментален тип. Креативни сте, интелектуално љубопитни, отворени за нови искуства.

Ваш идеален одмор е во метропола која ви допушта да се изгубите, да посетите авангардни изложби, мјузикли. Сакате да пробувате нова храна и да откривате нови култури.

Места за вас: Шпанија, Италија, САД, Лондон, Индија.

4. Конзервативен тип. Сакате традиционални работи. Новото не ве интересира. Сакате да посетувате места и да правите работи кои се друштвено прифатливи и одобрени од страна на семејството или блиските пријатели.

Места за вас: Велика Британија, Блискиот Исток и Египет.

Би можело да ве интересира:

Практичен водич за деловни патувања: Што да понесете и како да се спакувате? Облеката што ќе ја понесете зависи од должината на патувањето. Но, за тридневно ...
10 дестинации ширум светот кои изгледаат како да се на друга планета Огромниот извор во националниот парк Јелоустон во САД и розовото езеро Хилиер во...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
„Зошто езерото Комо треба да го замените со Охрид?“ - Британска новинарка е восхитена од убавините н... „Пиејќи вино и грицкајќи закуски на сонце, повторно добивам чувство дека можеби ...
10-те најубави места на територијата на поранешна Југославија според патувачки блогер (меѓу кои и на... „Ако ме прашате која ми е омилена земја од поранешна Југославија, еден дел од ме...
6 прекрасни крајбрежни места во Истанбул подалеку од хаосот Истанбул, енергичната метропола која опфаќа два континента, не е познат само по ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg