Најубавата вила на езерото Комо (фото)

Езерото Комо се смета за еден од најубавите скриени бисери на Италија. Тоа е познато како луксузно место за одмор, каде чести гости се многу познати личности.

najubavata-vila-na-ezeroto-komo-001.jpg

Природната убавина и импозантните градби се само дел од необичната понуда на ова место кое во пролет и лето привлекува огромен број на посетители желни за релаксација.

Една од најинтересните работи при посета на ова езеро  е пловењето со дрвен брод кое посетува на богатата историја која ова место ја поседува.

Пловејќи може да стигнете до најнедостапните делови каде каде една по друга се нижат голем број на историски вили.

Помеѓу вилите кои може да се изнајмат за престој ова е една која слободно можеме да ја наречеме најубавата вила на езерото Комо.

Украсена во неокласичен стил, таа инспирира не само со нејзината внатрешност, туку и со надворешниот простор, особено импресивната градина која нуди прекрасен поглед на езерото.

Оваа вила е позната како „Villa Sola Cabiati“ или „La Quite“.

Се смета за една од најубавите вили, а интересно е што истата во 18 век претставувала куќа за одмор на богатиот војвода Габрио Себрелони.

Неговите деца ја претвориле во вистински барокен сон, исполнувајќи ја со вредни слики, фрески, порцелан, таписерии и мебел.

Во вилата и ден денес се наоѓа дури и креветот на кој спиел Наполеон со неговата сопруга при престој таму.

Вилата, која поседува 6 спални соби, останала во сопственост на семејството Себрелони стотина години, а во неа можеле д апрестојуваат само избрани луѓе.

Неодамна луксузниот „Grand Hotel Tremezzo“, ја купил вилата и ја ставил на располагање на сите посетители. Засега е познато дека сите гости во хотелот ќе може да уживаат во нејзините содржини.

Можеби највозбудлива вест е дека хотелот планира да ја користи вилата како место за романтични вечери, интимни прослави и спектакуларни забави со можност за уживање на ручек под отворено небо.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...
Викенд дестинација во Македонија: „Пливав во Отошничкото Езеро, дотаму има асфалтиран пат“ Понекогаш немаме многу време за размислување и кроење на детални планови кога са...
„Го посетив селото на баба ми и дедо ми и се потсетив на приказните за вили и вампири од детството -... Постојат места на кои постојано им се навраќаме, места кои ни будат спомени што ...
Најубавите плажи за летување со мали деца на Халкидики, во околината на Кавала и на Тасос Плажите на трите краци на Халкидики, но и малите плажички на островот Тасос и во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg