Што (не) смее да крадете од хотелската соба?

Не би поверувале што сè луѓето знаат да си „позајмат“ од хотелските соби. За оние со лепливи прсти, олеснителна околност е што за одредени предмети, сепак, никој нема да им земе за зло.

shto-ne-smee-da-kradete-od-hotelskata-soba-1.jpg

„Да украдам нешто од хотелската соба? Никогаш!“.

Во ред е, ви веруваме, но читајќи го текстот, можеби и ќе се присетите на патувањата од кои се вративте со некое шишенце шампон плус, или, дури и пешкирот што по грешка ви заврши во куферот.

shto-ne-smee-da-kradete-od-hotelskata-soba-2.jpg

Правилата за убаво однесување и добрите манири налагаат никогаш да не го земате она што не сте го платиле, или, пак, што не ви е подарено.

Но, ако веќе не можете да се воздржите кога ќе дојдете во хотелската соба, тогаш научете ја разликата помеѓу работите кои смее да ги земете и оние кои спаѓаат во доменот на кражба.

1. Влечки

Влечките што гостите ги добиваат во хотелските соби се вообичаено за еднократна употреба. По користењето се фрлаат, односно не им се даваат на други луѓе, така што нив теоретски може да ги земете.

shto-ne-smee-da-kradete-od-hotelskata-soba-3.jpg

2. Пешкири

Ова не треба ни да ви падне на памет. Сметајте ги пешкирите за дел од опремата што ја содржи секоја бања, како тушот и четките за WC, а нив нема да ги крадете, зар не?

3. Четка за заби

Исто како и влечките, четкичката за заби е наменета само за вас, па може да си ја понесете со себе.

shto-ne-smee-da-kradete-od-hotelskata-soba-4.jpg

4. Закачалки

Верувале или не, луѓето често ги крадат од хотелите. Но, тоа не значи дека и вие мора да бидете меѓу нив.

5. Весници

Дневните весници и онака ќе бидат стари утредента, па нив може да ги земете кога ќе заминувате.

shto-ne-smee-da-kradete-od-hotelskata-soba-5.jpg

6. Мини сапуни, шампони и гелови

Хотелот смета дека сапунот, шампонот и гелот за туширање ќе ги потрошите за време на престојот во собата, па не е проблем доколку мини шишенцата си ги понесете со себе за спомен.

7. Бањарки

Омилениот предмет на хотелските крадливци, во ниеден случај не треба да заврши во вашиот куфер. Во многу хотели, постојат и парични казни за тоа.

shto-ne-smee-da-kradete-od-hotelskata-soba-6.jpg

8. Батерии од апаратите и сијалици

Ве молиме, не срамете се!

shto-ne-smee-da-kradete-od-hotelskata-soba-7.jpg

Да резимираме, заклучокот е следен:

Без грижа на совест може да ги понесете работите кои ви се достапни за еднократна употреба или консумација, а „виновни“ сте за делото, доколку крадете од инвентарот на собата, односно си го присвоите сè она што може и треба повторно да го користат гостите во хотелот.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
„Го посетив Мехелен - белгиско гратче со калдрмисани улички и прекрасна архитектура на 20 минути од... Мехелен е мало белгиско гратче кое се наоѓа помеѓу популарните и раздвижените гр...
5 интересни опции за луѓето кои не сакаат летниот одмор да го поминат на плажа Можете да посетите некои од скандинавските земји, или пак некои од европските гр...
Девојка се жали за одморот на брегот Амалфи во Италија: „Зошто сум разочарана?“ „Кога велам дека никогаш досега не сум искусила нешто вакво, не преувеличувам. С...
Спиење во капсула, вечера во ресторан каде служат роботи: Србинка докажува дека Јапонија е друг унив... „Jaпонија е свет за себе... Спиев една ноќ во капсула и мислам дека подолго не б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg