Предлог дестинација: Доживејте ја магичната Верона


Предлог дестинација: Доживејте ја магичната Верона

Звучи сосема логично историскиот град од каде Шекспир добил инспирација за својата драма „Ромео и Јулија“, да биде дом и на една од најубавите архитектурни зданија и да нуди прекрасни глетки.

vikend-patuvanje-dozivejte-ja-verona-01.jpg

А, уште потешко е да замислиме дека некој може да одолее и да не се заљуби во Верона.

Многу туристи сосема забораваат на Верона, брзајќи да ги посетат Рим, Тоскана и Венеција, а овој град е едно од најдобрите места за вкусување на автентична храна и вино, па е еден од најубавите региони на Италија.

А, како можете да поминете еден викенд во Верона?

Каде да останете?

Верона има многу мали прекрасни хотелчиња, а ако сакате да имате добра глетка, тогаш можете да најдете хотел некаде на плоштадот „Бра“ каде се наоѓа големата арена.

Until next time...✋🇮🇹 #dinewithrana

A post shared by Lori Keong (@ljkeong) on

Fire escapes, I don't miss you

A post shared by Lori Keong (@ljkeong) on

Што да правите?

Верона е поспан, мирен град кој не е така полн со туристи, како што се поголемите градови во Италија, но нуди многу сетилни задоволства, поаѓајќи од вкусната храна и вино, до посебни прекрасни глетки.

Можете да пешачите насекаде низ градот, а културно историските артефакти се сите тука, близу сместени едни до други.

Вреди да го посетите мостот „Ponte Pietra“, музејот „Castelvecchio“ или да уживате во погледот кон целиот град од кулата „Lamberti“.

И секако, атракција која не треба да се пропушти е добро познатиот балкон на Јулија.

vikend-patuvanje-do-verona-1.jpg

Ако имате време и можност, вреди да пропатувате и надвор од градот. На само еден час од Верона со автомобил и околу 30-ина минути со воз, можете да го посетите езерото Гарда кое е поим за медитеранска убавина.

vikend-patuvanje-do-verona-2.jpg

Што да јадете?

Градот е преполн со мали и големи места каде со сигурност ќе пробате добра храна, а меѓу нив, се рестораните „Re Teodorica“ и „Ristorante 12 Apostoli“.

Still life goals 🎨

A post shared by Lori Keong (@ljkeong) on

Fruit cups > 🍦#dinewithrana

A post shared by Lori Keong (@ljkeong) on

Што да пиете?

Кога одите во Верона, вреди да ги пробате локалните вина како „Amarone“ и „Campofiorin“. Градот е опколен со прекрасни богати лозја како „Masi Tenuta Canova“ кои можете да ги посетите и како турист.

🍷ing and dining at the prettiest li'l vineyard #dinewithrana

A post shared by Lori Keong (@ljkeong) on

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 причини зошто да ја посетите Франција во зима Доколку планирате да ја посетите Франција, зимскиот период е одличен за оваа дес...
Најубавите плажи во Шпанија за 2017-та одбрани од туристите Шпанија е една од најживописните земји во светот. Сигурни сме дека на повеќето о...
Најубавите плажи во околината на Парга и Сивота Во близина на прекрасните Грчки гратчиња Парга и Сивота се наоѓаат едни од најуб...