Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики

Плажите на Ситонија брзо ќе ви станат едни од омилените, бидејќи во главно имаат примамлив бел песок, кристално бистра и тиркизна вода, како и пријатна атмосфера за опуштање.

top-10-najubavi-plazi-na-sitonija-vtoriot-krak-na-halkidiki-001.jpg

И додека поголемиот дел од плажите на првиот крак се слични, плажите на Ситонија раскажуваат различна приказна.

Не е лесно да се одберат најубавите, но ќе се обидеме.

Листата слободно може да ја дополните и проширите со ваши предлози во коментари.

Orange beach (Kavourotripes)

Најпознатата плажа на Ситонија, посебно помеѓу оние кои сакаат авантуристички и недопрени места. Само внимавајте, бидејќи во екот на сезоната секогаш е полна.

top-10-najubavi-plazi-na-sitonija-vtoriot-krak-na-halkidiki-01.jpg

Kalamitsi

Плажа која има апсолутно сè – чисто море со прекрасна боја, ситен песок, простор колку што сакате, дел кој е одлично опремен со чадори и лежалки, како и таверни на сама плажа.

top-10-najubavi-plazi-na-sitonija-vtoriot-krak-na-halkidiki-02.jpg

Karidi

Егзотиката на Ситонија се наоѓа токму тука. Многу лесно ќе се прелажете дека сте на некој остров на Кариби, што секако не е лошо.

top-10-najubavi-plazi-na-sitonija-vtoriot-krak-na-halkidiki-03.jpg

Trani Ammouda 

Скоро 2 километри долга плажа која ќе ве остави воодушевени заради погледот на Атос. За гужви не мора да се грижите, бидејќи има место да ја собере цела Ситонија. Супер е за целодневно излежување.

top-10-najubavi-plazi-na-sitonija-vtoriot-krak-na-halkidiki-04.jpg

Lagomandra

Супер чиста и уредна плажа, за оние кои не сакаат многу да истражуваат, туку играат на сигурно. Одлична е за со дечиња, за заљубени парови и за млади.

top-10-najubavi-plazi-na-sitonija-vtoriot-krak-na-halkidiki-05.jpg

Agios Ioannis

Плажа на западното крајбрежје, исклучиво долга и со прекрасна боја на водата. На плажата има сосема доволно место, па гужвата нема да ја почувствувате ниту во јули и август.

top-10-najubavi-plazi-na-sitonija-vtoriot-krak-na-halkidiki-06.jpg

Kalogria

Песочна плажа со природна ладовина. Оваа плажа во сезоната е многу посетена, заради што е пожелно да одите порано. Најубавиот дел е оној близу Mango хотелот.

top-10-najubavi-plazi-na-sitonija-vtoriot-krak-na-halkidiki-07.jpg

Lagonisi 

Организирана е одлично и најголемиот дел од неа му припаѓа на кафулето, па треба да имате на ум дека простор за лична опрема нема многу. Плажата е позната по тиркизната вода и ситниот песок.

top-10-najubavi-plazi-na-sitonija-vtoriot-krak-na-halkidiki-08.jpg

Klimataria

Се наоѓа на југот на Ситонија. Водата е плитка на подолга далечина, има ситен песок и чиста вода. Совршена е за семејства со мали дечиња, иако во последно време почнува да се полни со гужва.

top-10-najubavi-plazi-na-sitonija-vtoriot-krak-na-halkidiki-09.jpg

Koviou 

На 6 километри од Никити, оваа малечка плажа е со прекрасна боја на морето и со малку природна сенка. Одлична е за нуркање и авантури под вода.

top-10-najubavi-plazi-na-sitonija-vtoriot-krak-na-halkidiki-10.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите плажи во Грција за лето 2017 Грција е позната по тоа што нуди бескраен избор на плажи, а голем дел од нејзини...
10 најубави плажи на Тасос Познато е дека Тасос има толку многу плажи што навистина е тешко да ги изброите....
Спој на дивина и неверојатен поглед: Плажата Милос на Лефкада е уникат... Сите што не сакаат гужви на оваа прекрасна плажа ќе го пронајдат својот мир. ...