Најубавите плажи во Грција за лето 2017


Најубавите плажи во Грција за лето 2017

Грција е позната по тоа што нуди бескраен избор на плажи, а голем дел од нејзините плажи се вбројуваат во најубавите плажи на целиот свет.

Najdobrite-plazi-vo-Grcija-za-2017-godina-00

Таму ќе пронајдете мали и пусти плажи со ситен песок и кристално чиста вода, но и огромни песочни површини прекриени со сламени чадори, барови и можности за екстремни спортови во тиркизно синото море.

Зависно од тоа каква авантура барате и како го замислувате вашиот идеален летен одмор, одберете ја омилената дестинација и отпатувајте за да се уверите во нејзината природна убавина.

Ако сè уште не сте ја одбрале омилената грчка плажа, еве мала помош. Уживајте!

1. Елафониси, Крит

Елафониси повторно беше прогласена за најдобра плажа во Грција. Станува збор за полуостров во близина на градот Чаниа. Целиот брег е прекриен со бел песок, а водата има тиркизна боја.

Najdobrite-plazi-vo-Grcija-za-2017-godina-01

2. Балос, Крит

Балос претставува магична лагуна во близина на градот Ханија. Прекрасниот бел песок и смарагдните води во комбинација со розовите школки кои може да се најдат тука го прават ова место уникатно.

Najdobrite-plazi-vo-Grcija-za-2017-godina-02

3. Клефтико, Милос

Клефтико е едно од најпознатите места на островот Милос. Тоа е комплекс од високи карпи со многубројни пештери. Можете да изнајмите брод и да уживате во неверојатното опкружување.

Najdobrite-plazi-vo-Grcija-za-2017-godina-03

4. Агиос Павлос, Родос

Агиос Павлос е прекрасна плажа во Линдос, на југоисточниот дел на Родос. Станува збор за мал брег опкружен со карпи, каде може да се искаќувате или да пливате во кристално чистата вода. Плажата е прекриена со песок и ситни камчиња.

Najdobrite-plazi-vo-Grcija-za-2017-godina-04

5. Симос, Елафонисос

Елафонисос е мал остров во јужниот дел на Пелопонез. Симос, е многу популарна плажа, која претставува мал полуостров, опкружен со импресивни песочни дини и смарагдно чисти води.

Najdobrite-plazi-vo-Grcija-za-2017-godina-05

6. Навагио, Закинтос

Навагио е најпопуларната плажа, и обележје на Закинтос. Таму може да се стигне со брод. Плажата е опкружена со величествени бели карпи, и е позната по бродот кој доживеал бродолом и стои насукан на брегот.

Najdobrite-plazi-vo-Grcija-za-2017-godina-06

7. Саракинико, Милос

Саракинико е обележје на Милос и го има еден од најпопуларните пејзажи на егејското море. Белите карпи испреплетени со пештери, кои продираат во сините води нудат незаборавно искуство.

Najdobrite-plazi-vo-Grcija-za-2017-godina-07

8. Порто Кацики, Лефкада

Порто Кацики е најпознатата плажа во Лефкада. Таа се наоѓа во југозападниот дел на островот, покриена со златен песок и кристално чиста вода.

Najdobrite-plazi-vo-Grcija-za-2017-godina-08

9. Антони Квин, Родос

Ова е една магична плажа во источниот дел на Родос, именувана по познатиот актер кој се вљуби во ова место и го купи. Таа е многу популарна плажа прекриена со ситни камчиња и кристална вода.

Najdobrite-plazi-vo-Grcija-za-2017-godina-09

10. Миртос, Кефалонија

Миртос е најпознатата и најубава плажа во Кефалонија. Таа се наоѓа на северозападниот брег, прекриена со бел песок и има прекрасна чиста вода.

Najdobrite-plazi-vo-Grcija-za-2017-godina-10

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 најубави плажи на Тасос Познато е дека Тасос има толку многу плажи што навистина е тешко да ги изброите....
7 работи кои не смеете да ги правите кога сте во Грција Како и во секоја друга земја, така и во Грција постојат правила кои не смеат да ...
Одмор во Порторико – што да посетите? Кога ќе се спомнат Карибите, прво нешто што ни паѓа на ум на сите, се Бахамите и...