4 одлични причини да го посетите Неапол оваа пролет

Голем број на туристи го заобиколуваат Неапол кога планираат посета на Италија, бидејќи гласините кои кружат е дека градот е прилично небезбеден. Но, кога се работи за патувања не треба да верувате во сè што ќе слушнете или ќе прочитате.

4-odlicni-pricini-da-go-posetite-Neapol-ovaa-prolet-01.jpg

Неапол ќе ви помогне да ја вкусите и доживеете вистинска Италија, и е многу поразличен од домот на високата мода – Милано или рајот на туристите – Рим.

Иако е препорачливо да внимавате на своите работи и паричникот (а за која дестинација впрочем не важи ова правило?), доколку му дадете шанса на Неапол оваа сезона, со сигурност нема да се покаете.

Ова се 4 одлични причини зошто вашето следно патување треба да се биде адресирано токму кон оваа дестинација:

Неапол е олицетворение на вистинската Италија

Секако, Фиренца и Рим се восхитувачко прекрасни, но истовремено вријат од туристи и турканици. Поради тоа не секогаш може да доживеете автентично италијанско искуство.

Неапол можеби нема да е визуелно спектакуларен како Рим, гламурозен како Милано или пак пејзажен како Фиренца, но нуди локално автентично доживување како ниту едно друго место во Италија.

Овој тип на патување можеби не е за секого, но е за оние кои сакаат вистински да запознаат како живее една нација. Плус, цените воопшто не се туристички, па ќе си дозволите малку повеќе луксуз.

Италијанците велат – Рим е срцето на Италија, но Неапол е душата.

4-odlicni-pricini-da-go-posetite-Neapol-ovaa-prolet (9).jpg

Дом на многу атракции

Многумина кога помислуваат на Неапол веднаш го поврзуваат со пристаништен град, но тој е многу повеќе од само тоа.

Центарот на градот кој е под заштита на УНЕСКО датира 470 години п.н.е., брои 3 огромни замоци, кралска палата и цркви и катедрали кои не може да се добројат.

Малите плоштади се буквално на секој чекор, каде што може да седнете, да одморите, да уживате на сонце и во чашка Aperol Spritz.

Музејот di Capodimonte е огромна уметничка галерија исполнета со дела на Рафаел, Тицијан, Микеланџело, па дури и Енди Ворхол. Театарот Сан Карло е отворен во далечната 1737 година и е една од најстарите оперски куќи во светот, место кое дефинитивно ја заслужува вашата посета.

Неапол излегува на вода, па може да ја поминете пешачката патека Lungomare која е долга околу 3,2 km, уживајќи во погледот, рестораните и природата.

Без разлика дали преферирате скап или евтин шопинг ќе пронајдете за секого по нешто на Via Chiaia. Градот има дури и жичница која ве води до врвот на Неапол и нуди прекрасен панорамски поглед.

Метрото во Неапол е особено интересно, модернистичко и толку уникатно што би било вистинска штета да не го видите.

4-odlicni-pricini-da-go-posetite-Neapol-ovaa-prolet (6).jpg

4-odlicni-pricini-da-go-posetite-Neapol-ovaa-prolet (3).jpg

4-odlicni-pricini-da-go-posetite-Neapol-ovaa-prolet (2).jpg

4-odlicni-pricini-da-go-posetite-Neapol-ovaa-prolet (8).jpg

4-odlicni-pricini-da-go-posetite-Neapol-ovaa-prolet (10).jpg

4-odlicni-pricini-da-go-posetite-Neapol-ovaa-prolet (14).jpg

4-odlicni-pricini-da-go-posetite-Neapol-ovaa-prolet (1).jpg

4-odlicni-pricini-da-go-posetite-Neapol-ovaa-prolet (4).jpg

Блиску до прекрасни острови

Капри, Соренто, Амалфи и прекрасното Позитано. Ваше е само да одберете. Сите овие дестинации се лесно достапни од Неапол со помош на брод, воз или автомобил. 

Може да искомбинирате неколку екскурзии и да посетите повеќе локации.

4-odlicni-pricini-da-go-posetite-Neapol-ovaa-prolet (7).jpg

4-odlicni-pricini-da-go-posetite-Neapol-ovaa-prolet (11).jpg

Пицата, нормално

Пицата во Неапол се сфаќа многу сериозно. Постојат многу строги правила околу pizzaiol во Неапол, а пицериите и рестораните мора веродостојно да ги следат со цел да ги исполнат критериумите на Асоцијацијата за наполитанскa пица.

Средишниот дел на тестото не смее да биде подебел од 0,4 cm, се користат само специјални домати и сертифицирана моцарела.

Пицата е секогаш свежа, превкусна и е оброк кој не смеете да го пропуштите. Секогаш може да јадете автентична наполитанска пица за помалку од 500 денари.

4-odlicni-pricini-da-go-posetite-Neapol-ovaa-prolet (13).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја) Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебн...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Шарени продавнички, штандови за вафли и разџагорени улици - Зошто да го посетите Брисел во најскоро ... Брисел – ако сè уште ја немате посетено белгиската престолнина тоа, направете го...
„Го посетив Мехелен - белгиско гратче со калдрмисани улички и прекрасна архитектура на 20 минути од... Мехелен е мало белгиско гратче кое се наоѓа помеѓу популарните и раздвижените гр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg