Авантурите од планинско трчање и планинарење на Дејан Тодевски

Кога еднаш ќе се поврзеш со природата, засекогаш остануваш спријателен со неа.

zapoznajte-go-dejan-todevski-i-negovite-avanturi-od-planinsko-trcanje-i-planinarenje_10.jpg

Дејан Тодевски (27) од Скопје вработен во Основен Суд Скопје 2 е лиценциран планинарски водич во категорија А (летна), кој секој момент од своето слободно време го поминува на планина. Неговиот авантуристички дух и страста спрема адреналинските спортови и себенадминување од неговиот живот успеа да создаде кројка по негова мерка.

Планинарење, планинско трчање, возење велосипед, скијање и качување карпи се главните окупации на Дејан Тодевски, кој е дел од клубот ПК Македон. Неговиот разновиден репертоар на предизвици е пропратен со задоволство и радост по надминување на сопствените лимити.

„Една од најомилените outdoor активности ми е планинско трчање со кое започнав во 2014 година“, раскажува Дејан Тодевски. „Мојата прва трка во планинско трчање беше во Прилеп на трката Крали Марко Траил 65км со искачување на висинска 3100м д+. Трката беше доста тешка која бара доста голема физичка и психичка подготвеност, на трката отидов недоволно спремен, само имав искуство од планинарење. Но, сепак успешно ја финиширав за 11ч : 55м : 03с со ова време завршив на 35 место од околу 65 натпреварувачи. Тоа беше мое прво учество на таа трка од 65км но на истата трка учествував и 2015 година во кое го имав подобрено времето на 9ч :30м, и во 2017 година пак на истата трка имав време 7ч : 20м со пласман на 3-то место“.

zapoznajte go dejan todevski i negovite avanturi od planinsko trcanje i planinarenje 2

Дејан со планинско трчање се занимава скоро пет години и има учествувано на педесетина трки низ Балканот и Европа со должина од 10км до 110км. Skyrunning (или небесни трки) е дел од трките, која се одржала на висина поголема од 2000 метри.

zapoznajte go dejan todevski i negovite avanturi od planinsko trcanje i planinarenje 1

Неговото прво соочување со планина се случило во 2010 година на Титов Врв 2747м.н.в, по иницијатива на татко му, кој е виновникот за неговите досегашни успеси. Потоа следувале многубројни искачувања и на други врвови низ Македонија (Љуботен, Кораб, Крчин, Солунска Глава...), Балканот (Мусала, Вихрен, Олимп, Триглав), Европа (Монт Блан, Елбрус, Гросглокнер, Браитхорн).

zapoznajte go dejan todevski i negovite avanturi od planinsko trcanje i planinarenje 6

„Планината за мене претставува место каде што може човек да се опушти, релаксира и да ужива во природата, но без да се потценува самата планина бидејќи сепак постојат ризици поради кои треба да бидеме претпазливи“, открива Дејан.

„Една од моите највозбудливи авантури е викендот 28 - 29.12.2015 година каде што воедно беше мое прво зимско кампување на Бакардан. Бевме четиричлена екипа (Алек, Бојан, Славчо) со два шатори кои ги поставивме на Бакардан 2748 м.н.в. Дента пешачевме околу 4 часа на убаво време со температура околу -15 степени. За вечерта слушнавме дојави за лошо време и на крај тоа се случи. Температурата падна на -25, а ветерот се зголемуваше и достигна во утринските часови и до 110км на час, а имаше и удари од 120км.

zapoznajte go dejan todevski i negovite avanturi od planinsko trcanje i planinarenje 7

И пред да тргнеме, временските услови ни беа познати, но ова беше и дел од тренинг, за тоа како би било некогаш ако се најдеме во такви временски услови. Потоа накај 9 часот успеавме да ги собереме двата шатори и поради силниот ветер моравме да се спуштиме по друга патека, исто така доста опасна, каде не се оди во зимски услови поради лавинскиот предел.

Се вика Вакавска патека која оди од Шапка, го заобиколува врвот Бакардан и се продолжува кон Титов Врв 2747м.н.в. Како последица од ова лошо време беа уништени два експедициски шатори, две лопати за снег, и еден пар штеки“.

zapoznajte go dejan todevski i negovite avanturi od planinsko trcanje i planinarenje 3

Тренинзите на Дејан се одвиваат секојдневно, седум пати во недела, но понекогаш има и по два тренинга две. Повеќето од нив се базираат на трчање на Водно или на други повисоки планини во околината.

zapoznajte go dejan todevski i negovite avanturi od planinsko trcanje i planinarenje 5

„Аеробниот тренинг е доста важен за правилен развој и издржливост, поради тоа што се топат мастите, мускулите стануваат пофлексибилни, ја намалува млечната киселина при големи напори. Овој тип на тренинг го практикувам три пати во недела на патеката Средно Водно - Св Пантелејмон  со должина од 15км“, споделува Дејан Тодевски, кој исто така практикува вежби како што се пленк, важни за горниот дел на телото.

Посетува болдер, тренинг на Матка на спортски насоки. Сите овие активности што ги практикува тој се потреби за добра физичка и психичка подготвеност за овој вид на спорт како што е планинското трчање.

zapoznajte go dejan todevski i negovite avanturi od planinsko trcanje i planinarenje 8

Дејан во иднина планира да се искачи на Аконкагва, Ленин Пек, Манаслу и да учествува на уште многу планински трки на Балканот и Европа.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
„Од Скопје до Сицилија стигнав за 6 часа - летав преку Софија за 27 евра, јадев бургер од коњско мес... „Пет дена се премалку да се доживее Сицилија - домот на озлогласената мафија, ву...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
20 причини зошто да се откажете од сè и да се преселите во Шпанија Сонце преку цела година и прекрасни плажи, попладневна сиеста, сангрија, „религи...
Литохоро во Грција - oдлична опција за љубителите на море и планина, а ќе стигнете за околу 4 часа о... Сместен во подножјето на планината Олимп, Литохоро е живописен град во Грција ко...
Не е Мексико, Демир Капија е – Долината на кактусите е редок природен феномен во Македонија (фото) Кога се споменуваат кактуси во природа, честопати пред очи ни излегуваат егзотич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg