Вирџинија Ристеска: Мароко ги надмина моите очекувања, тоа е свет на посебни сензации

Големи се шансите некаде да сте ја забележале девојката со тиркизна боја на коса, девојка која лебди во животот и жедно ги апсорбира сите убавини што ѝ се нудат.

virdjinija-risteska-maroko-gi-nadmina-moite-ocekuvanja-toa-e-svet-na-posebni-senzacii-001.jpg

Ако не сте знаеле, станува збор за Вирџинија Ристеска, родена пред 26 години во Скопје и веќе четири години е дипломиран актер на Факултетот за Драмски Уметности.

Неодамна имаше премиера со претставата Никој никогаш не ме праша, авторски текст во режија на Драгана Гунин, каде играат заедно со Емине Халил и Деа Пајазити. Претставата е дел од независна продукција, правена е без буџет, онака, партизански од чиста љубов и желба нешто гласно да се каже. 

Уште како дете, Вирџинија била фасцинирана од документарните емисии за патување на Travel & Living и Fine Living Network, била воодушевена од убавините на нашата планета, различните култури, чудната храна и среќните луѓе на кои им завидуваат, а чија работа е да ги истражат овие места и да ја доловат нивната специфичност преку репортажи.

Исполнета со љубов спрема патувањето и решена со свои очи да го восприеми светот, Вирџинија е личност, чиј авантуристички дух плени од неа и претставува една од нејзините препознатливи карактеристики.

Денес таа само си ги остварува детските соништа, град по град, земја по земја и своите доживувања ги споделува на нејзиниот Инстаграм профил @serafinapekkalla.

Од никаде не се враќа без магнетче, нејзиниот фрижидер одамна престанал да личи на фрижидер, туку се претворил во изложбен простор.

virdjinija risteska maroko gi nadmina moite ocekuvanja toa e svet na posebni senzacii 5

„Отсекогаш сум била фасцинирана од Арапската култура и уметност, како и колоритот од бои кој го нуди Мароко. Желбата да бидам заведена од сите тие шаренила, вкусови и мириси се појави уште пред неколку години, сега само се поклопија коцките, ги купив картите и броев денови до тргнување. А и до сега немав стапнато на африканското тло, па Мароко ми изгледаше како одлично место за почеток“, раскажува Вирџинија, која при посета на нов град, секогаш прво го дегустира локалното кафе и пиво.

„Патувањето го почнав од Маракеш, кој одма ме освои со своите црвени ѕидови, мозаици, палати, колоритни продавници за зачини, чаеви, чевли... и секако познатиот плоштад Џема Ел Фна каде сите мириси, вкусови, звуци и бои на Мароко се собрани и приредуваат сопствено шоу и без кој Маракеш би бил само уште еден арапски град.

virdjinija risteska maroko gi nadmina moite ocekuvanja toa e svet na posebni senzacii 11

Додека бев во Маракеш, отидов на еднодневна екскурзија преку верижот планини Атлас до Аит Бен Хаду, село под заштита на УНЕСКО, опколено со високи ѕидини, каде куќите се направени од кал. Екскурзијата продолжи и до Уарзазат, што во превод значи тивкиот град, бидејќи е последниот населен град пред огромната пустина и каде се наоѓа Атлас Студио, најголемото филмско студио во Африка.

По Маракеш следуваше Казабланка, кој е многу повеќе од име на холивудски филм и сосема е различен од Маракеш. Патувањето продолжи кон Фес, низ чии тесни улички е невозможно да не се изгубиш, макар и еднаш.

virdjinija risteska maroko gi nadmina moite ocekuvanja toa e svet na posebni senzacii 13

Следуваше Шефшауен, попознат како Синиот Бисер, поради сината боја на ѕидовите и улиците, која покрај тоа што е рај за очи е и одличен контраст на целиот колорит од рачно изработени теписи од локални фамилии, изложени на самите ѕидови од куќите. И за крај, го оставив Танжир, чија плажа со поглед на Шпанија и Гибралтар делуваше како одлично место да се средат впечатоците и да се заврши едно вакво патешествие“.

virdjinija risteska maroko gi nadmina moite ocekuvanja toa e svet na posebni senzacii 1

Пред тргнување, Вирџинија посветила доста време истражувајќи за Мароко, така што кога стигнала таму во ниту еден момент не се почувствувала разочарано. Напратив, Мароко не само што ѝ ги исполнил очекувањата, туку и ѝ ги надминал.

„Менталитетот не им е драстично различен од нашиот, така што уште од самиот почеток се чувствував пријатно“, продолжува да раскажува Вирџинија.

„Делумно за тоа придонесе и Хасан, сопственикот на ријадот во кој бевме сместени во Маракеш, кој уште од моментот кога стигнавме, откако нè понуди со традиционалниот чај од ментол и торта, ми одговори на сите прашања што ми паднаа на памет и на некој начин направи да се чувствувам блиска со културата, па кога излеговме да прошетаме веќе бев подготвена што да очекувам.

virdjinija risteska maroko gi nadmina moite ocekuvanja toa e svet na posebni senzacii 2

Иако има и такви кои ќе се обидат да ти се постават во улога на водич, мислејќи дека ќе се изгубиш по улиците, потоа барајќи пари за „услугата“, иако никој не го побарал тоа од нив, луѓето генерално се неверојатно фини и љубезни, отворени за разговор, подготвени да одговорат на сите прашања.

Продавниците се насекаде околу тебе во било кој град, и бидејќи најмногу контакт имаш со продавачите, секој те кани во својата продавница, презентирајќи ти буквално сé, во зависност од тоа што продава – од разноразни зачини и чаеви, сапуни и парфеми, до чевли и ташни, килими, сребрени лампи итн. Доколку не си заинтересиран за килими, не е проблем, неговиот роднина има продавница за чевли на неколку метри од него, каде тој лично ќе те однесе“.

dd5753ec b6f5 4d3a 9f1b 609d3f182368

Вирџинија открива дека секој град е различен и уникатен, и дека самата разновидност на Мароко е шок сам по себе. Додава и дека таму сите возат како луди и се чудела како нема сообраќајки секоја минута.

„Мароко е организиран хаос“, констатира Вирџинија.

„Низ тесните улички во медините, во секој момент треба да се пазиш од мотори, велосипеди или магариња. Да, магариња. Луѓето кои сé уште живеат во куќите од кал во Аит Бен Хаду, каде секојдневно проаѓаат стотици туристи, буквално низ нивните куќи.

Кога ќе запее оџата од џамијата Котубија, настапува неверојатен молк од минута-две на инаку прегласниот плоштад Џема, кога ќе престане, сета галама повторно продолжува во полн ек. Продавачите ја имаат проучено целата психологија на купувачот и имаат смислено еден куп начини како да те убеди да купиш.

Дури и кога ќе кажеш дека не си заинтересиран, ќе трчаат по тебе по улиците, ценкајќи се, што е дел од целото шопинг искуство, сè додека не ти понуди цена која не можеш да ја одбиеш. И откако ќе решиш нешто да купиш, повеќето настојуваат да те почестат со чај од ментол.

Имајќи предвид дека ја имам обоено косата во тиркизна боја, што е сосема невообичаено таму, сакала или не, бев изложена не само на сечиј поглед, туку и коментари од типот „Nice hair!“, „Nice color!“ кои буквално ги изговараше секој покрај кој ќе пројдев, од деца кои се обидуваа да ја допрат да видат дали е вистинска, до старци кои едвај се движат со бастуми и во моментот кога ќе се разминеме, застануваа со израз на лицето кој беше мешавина од шок и блага насмевка.

На некој начин, колку им беше нив тоа чудно и несекојдневно, толку ми беше и на мене нивната нескриена изненаденост“.

virdjinija risteska maroko gi nadmina moite ocekuvanja toa e svet na posebni senzacii 6

За време на престојот на Вирџинија најмногу ѝ се допаднало срдечноста и љубезноста на луѓето, драматичноста на Џема Ел Фна, колоритот од бои на секој агол, прекрасните ријади (традиционални стари арапски куќи со внатрешен двор), арапската уметност, палатата Бахија, градината Мажорел, оаза во пребучниот Маракеш, Берберските куќи високо во планините Атлас, џамијата Хасан II во Казабланка, која не оставала никој рамнодушен со својата архитектура и импозантност и звукот на брановите кои удирале околу неа, мирисот на зачините и превкусната храна, луксузноста на Rick’s café, фабриката за кожа во Фес, кафулињата со поглед врз медините во Маракеш и Фес, сините ѕидови на Шефшауен, смиреноста на Танжир... И самата додава дека на листата ѝ нема крај.

virdjinija risteska maroko gi nadmina moite ocekuvanja toa e svet na posebni senzacii 8

„Дефинитивно ја сакам мароканската кујна. Не секој ден имаш можност да пробаш нешто толку поразлично. Зачините си го прават своето. А, Мароканците се експерти за готвење со зачини. Монтажните ресторани кои отвораат навечер на самиот плоштад Џема Ел Фна се правото место за да ја запознаеш и вкусиш мароканската кујна.

Тажин и кус кус се традиционалните јадења, кои можеш секаде да ги нарачаш, но постојат и места кои служат полжави, телешки мозок, глава од овца, бургер од камила итн. Ќе бидам искрена, не се осмелив да пробам сé, но тоа што го пробав беше чудно и превкусно, како и фантастичните десерти од кои би издвоила баклава со мелени бадеми и палачинка со прелив од арганово масло и мелени бадеми“, споделува таа.

virdjinija risteska maroko gi nadmina moite ocekuvanja toa e svet na posebni senzacii 3

Вирџинија планира нејзината следна дестинација да биде Иран, бидејќи како и Мароко, одамна има желба да го посети. Откако остварила контакт со арапската уметност од блиску, сака да го истражи нејзиното влијание во Европа.

По две лета поминати низ Шпанија и Португалија, и оваа година пак им се навраќа, но овојпат нa нвните јужни делови Андалузија и Алгарве. Картите веќе ѝ се купени, сега го чека денот на тргнување во уште една нова авантура.

virdjinija risteska maroko gi nadmina moite ocekuvanja toa e svet na posebni senzacii 1

virdjinija risteska maroko gi nadmina moite ocekuvanja toa e svet na posebni senzacii 7

virdjinija risteska maroko gi nadmina moite ocekuvanja toa e svet na posebni senzacii 10

virdjinija risteska maroko gi nadmina moite ocekuvanja toa e svet na posebni senzacii 9

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
„Бев во Неи Пори овој јуни 2023, лежалка со кафе е 5 евра, морето е уште студено, но едно селце кое ... „Пријатно бев изненадена од ниската цена на вилата во која во престојував, од не...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Шарени продавнички, штандови за вафли и разџагорени улици - Зошто да го посетите Брисел во најскоро ... Брисел – ако сè уште ја немате посетено белгиската престолнина тоа, направете го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg