7 генијални трикови за пакување без главоболки

Цевки за синџирчињата и кесички за замрзнување за козметиката и ќе спречите тон несакани ситуации.

7-genijalni-trikovi-za-pakuvanje-bez-glavobolki-01.jpg

Вашиот одмор сигурно се доближува, а пакувањето уште на првата помисла ви создава главоболка. Како да ја ставите сета таа облека, козметика и чевли во еден куфер, ова особено важи ако патувате со авион, кога треба да внимавате и на тежината на куферот.

Блогерката Бони Рахит открива како да го направите тоа.

View this post on Instagram

A post shared by Bonnie Rakhit (@bonnierakhit)

Неколку совети за полесно пакување:

1. Направете листа пред патувањето на најважните работи како полнач, млеко со заштитен фактор, костим за капење и како пакувате прецртувајте ги.

2. Истражете ја дестинацијата и палетата на бои на вашата облека прилагодете ја за таму. Ако одете на Санторини на пример, задолжително земете парчиња во бела и сина боја.

7-genijalni-trikovi-za-pakuvanje-bez-glavobolki-03.jpg

3. Ако носите повеќе пара очила за сонце, складирајте ги соодветно, завиткајте ги во материјал и ставете ги во чантите за излегување, што ги пакувате во куферот.

4. Купете кесички за мраз и во нив ставете ги шишињата со течности за да спречите несакано истекување врз облеката.

7-genijalni-trikovi-za-pakuvanje-bez-glavobolki-02.jpg

5. Ако одите во хотел, тогаш намалете го товарот така што нема да земете фен, бидејќи таму има. Истото важи, и за гел за туширање и слично.

6. Користете цевки за да не ви се исплеткаат тенките синџирчиња. Ова е едноставен, но генијален трик.

7-genijalni-trikovi-za-pakuvanje-bez-glavobolki-04.jpg

7. Костимот за капење секогаш носете го во рачниот багаж. Дури и да треба да почекате за прием на рецепција на хотелот, може да го искористите времето да се искапете во базенот.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 трикови што ќе ви го олеснат патувањето со деца со автомобил Голем дел од родителите признаваат дека им е тешко да се концентрираат на возење...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg