Нов Зеланд - рај на земјата

nov-zeland-raj-na-zemjata-povekjeКога станува збор за место со неверојатна природа, пријатна клима и чиста околина, Нов Зеланд е неприкосновен. Ако некогаш успеете да ја посетите...

 

...оваа исклучителна земја, ви предложуваме неколку места кои мора да ги посетите.

nov-zeland-raj-na-zemjata-1

10. Kaikoura е гратче окружено со високи планини чии врвови се покриени со снег во поголем период од годината. Ова е едно од ретките места на светот каде китовите, делфините и ајкулите може да се видат во текот на целата година.

nov-zeland-raj-na-zemjata-2

9. Coromandel Peninsula е регион кој изобилува со прекрасни песочни плажи. Тука е сместена и термалната плажа со исклучително топла вода. Се што треба да направите е да ископате дупка на плажата, да чекате да се исполни со вода и добивате природно термално џакузи (лежи на вулкан). Плажите се окружени со дождовни шуми специфични по едно од највисоките стебла на светот (20 метри).

nov-zeland-raj-na-zemjata-3

8. Националниот парк Tongariro е еден од најстарите паркови на светот. Во него се сместени три активни вулкани. Пешачењето низ паркот е прогласено за едно од 10-те најубави во светот.

nov-zeland-raj-na-zemjata-4

7. Националниот парк Westland е познат по двата големи глечери кои се сместени најблиску до работ на океанот. Единствено место каде може да видите и глечери и дождовни шуми.

nov-zeland-raj-na-zemjata-5

6. Националниот парк Mt Cook е прекрасно подрачје со едно од најдолгите ски терени на глечерот Тасман. Голем дел од паркот е покриен со снег, а останатиот дел со прекрасни виолетови цвеќиња.

nov-zeland-raj-na-zemjata-6

5. Bay of Islands е суптропско подрачје со прекрасни плажи и бујна вегетација. Ова подрачје има 150 плажи и скриени заливи погодни за истражување на богатиот растителен и животински свет. Морето е богато со китови, делфини и пингвини.

nov-zeland-raj-na-zemjata-7

4. Rotorua е познато подрачје по вулканските активности и бројните геотермални извори окружени со прекрасни пејзажи. Крајот е познат по гејзерите, вулканските карпи и кратери.

nov-zeland-raj-na-zemjata-8

3. Queenstown е подрачје кое е идеално за авантури во природа. Градот е окружен со планини, а сместен е покрај големо езеро. Ова е хит туристичка дестинација на Нов Зеланд. Ако сакате адреналински доживување овде може да се качувате, да одите на парасејлинг, рафтинг и останати бројни активности. Ова е исто така и најјужно место за скијање на светот.

nov-zeland-raj-na-zemjata-9

2. Националниот парк Abel Tasman е најмалиот парк кој има најмногу сончеви часови во годината и најубави плажи на земјата.

nov-zeland-raj-na-zemjata-10

1. Националниот парк Fiorland е еден од најубавите природни феномени на светот. Планини, фјордови, дождовни шуми... се на едно место. Токму тука е снимен и еден дел од “Господарот на прстените“.

Би можело да ве интересира:

Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
„Sahara Resort“ - луксузен бич бар во бохо стил на 30km од Солун (фото) Будење со утринско кафе и бранови, потоа уживање во некој од специјалитетите на ...
Ресорт направен како реплика на Санторини е хит во Кина (фото+видео) Во кинеската провинција Јунан, има ресорт кој е како реплика на Санторини, а бид...
Ќе ве качиме во „кајчето на Лихнида“ и ќе ве одведеме до петте најубави локации во нашиот бисер Охри... Рибарите ги прибираа мрежите. А езерото мирно, душа да си одмориш. И додека убав...
10 дестинации ширум светот кои изгледаат како да се на друга планета Огромниот извор во националниот парк Јелоустон во САД и розовото езеро Хилиер во...
Туристички замки што треба да ги избегнувате во Европа, според локалци Халштат во Австрија, Дубровник во Хрватска, како и замокот на Дракула во Романиј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg