Дубаи: престолнина на луксуз

dubai-prestolnina-na-luksuzot-povekjeЗаедно со уште шест други емирати е составен дел на Обединетите Арапски Емирати. Кон федерацијата на градови, Дубаи пристапи 1971 година.

 

Обединетите Арапски Емирати се сместени на североисточниот дел на Арапскиот полуостров.

На југозапад се граничат со Саудиска Арабија, а на исток и север со Оман. Самиот Дубаи е сместен во процепот на Арапскиот залив, кој го дели на два дела.

Ова некогашно мало рибарско село во средината на 19 век прерасна во трговски центар и многу важно трензитно пристаниште помеѓу Блискиот и Далечниот исток. Денес овој град во арапскиот свет е познат како „град на трговци“.

dubai-prestolnina-na-luksuzot-1

Она што фасцинира при првата средба со Дубаи е неговиот космополитски дух. Насмеаните лица на жителите на овој град од сите можни нации можат да се видат на секој чекор, така што понекогаш имате впечаток дека не сте на Блискиот исток, во арапскиот свет.

Високиот животен стандард се гледа на секој чекор, почнувајќи од автомобилите и облеката што ја носат локалните жители. Ова е многу либерален град, а од неговите жители се очекува да ја почитуваат верата на другите. При облекувањето се почитува традицијата, но се носи и облека во „западен“ стил.

dubai-prestolnina-na-luksuzot-2

Овој град, благодарејќи и’ на нафтата изникна од пустина и фасцинира на секој чекор со своето зеленило и богатство на бои, па понекогаш се запрашувате дали е вистинито она што го гледате или е фатаморгана. За посетителите, што е многу важно, Дубаи е многу безбеден. Нема кражби, веројатно затоа што и казните се многу високи и ригорозни.

Целиот град е едно големо градилиште- на секој чекор се гради. Зградите на сред пустина никнуваат со голема брзина, а секоја нова е пораскошна и поубава од претходната.

dubai-prestolnina-na-luksuzot-4

Без разлика на раскошот на тие облакодери, на секој се забележува и арапскиот стил, кој потсетува каде се наоѓате. Овде зградите од десет години се сметаат за стари и се рушат за да им направат место на понови и пораскошни.

Во градот кој никна на сред пустина се води сметка за секоја тревка. Жителите се маѓепсани со зеленилото. Од Холандија годишно се увезуваат стотици тони тревни теписи, кои ги сочинуваат тревните површини на градот и кои непрекинато се наводнуваат.

dubai-prestolnina-na-luksuzot-3

Во Дубаи доминираат палми украсени со стотици сијалици, кои навечер создаваат слика од бајките. Цвеќето е насадено во убави мермерни жардињери во облик на школки. Во овој град, кој е неверојатно чист, секој жител води смека за чистотата.

Дубаи е трговски и деловен центар на Блискиот исток, но и една од најатрактивните туристички дестинации на светот. Тоа е вистинското место за сите оние кои сакаат активен одмор во текот на целиот ден. Застапени се сите спортови од тенис, голф, коњички спортови. Она по што овој град е навистина познат и што е вистинска атракција е купувањето

dubai-prestolnina-na-luksuzot-5

Бидејќи е град, бесцаринска зона, секој може да пронајде нешто за себе. Градот е преплавен со огромни шопинг центри од кои најпознат е Deira City Center, кој се протега на три спрата и нуди роба и за најпребирливите.

За обиколка на овој шопинг центар потребни ви се денови. Тој трговски центар, заедно со хотелот Sofitel City Center и шведската стоковна куќа Икеа, се вистински рај за купувачите, а тука има и кино и луна-парк.

ПРОДОЛЖУВА...

Би можело да ве интересира:

7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Девојка се жали за одморот на брегот Амалфи во Италија: „Зошто сум разочарана?“ „Кога велам дека никогаш досега не сум искусила нешто вакво, не преувеличувам. С...
Како изгледал одморот во Египет пред 100 години, низ ретро фотки? Туристите можеле да се качат на врвот на Големата пирамида во Гиза и уште тогаш ...
Патувате и сакате да собирате нови билки? Еве што не смеете да направите! ЕФСА, Европската комисија (ЕК) и нивните партнери во земјите членки на Европскат...
9 предлози за одлична забава во Нови Сад за викенд – Кои настани да ги посетите во септември и октом... Кога температурите ќе почнат да паѓаат, лисјата да пожолтуваат, а низ улиците на...
Ивана од Скопје: „Го посетив Портофино - не беше магично како на Инстаграм“ Конечно го посетив овој италијански бисер. Бев премногу возбудена си ги замислув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg