Кога се пакувате за одмор: Што да спакувате во рачен багаж, а што во куфер?

Што да спакувате во рачниот багаж, а што во куферот? Оваа листа ќе ви се најде додека се подготвувате да одите на одмор...

koga-se-pakuvate-za-odmor-shto-treba-da-vi-bide-na-dofat-a-shto-vo-bagazhnikot-01.jpg

Кога треба да се пакуваме за одмор сите се соочуваме со истото чувство: возбудени сме што ќе одиме, но пакувањето ни претставува стрес.

Ако не знаете од каде би требало да почнете, можеби оваа листа ќе ви помогне да се ослободите од дополнителниот стрес.

Најважно е прво да ги одделите работите што треба да ви бидат на дофат за време на патувањето, од оние што нема да ви бидат потребни и може слободно да одат во багажникот (односно во куфер).

Ако ви е полесно, размислете што е она што го користите на секои 10-тина минути или секој час и што би ви требало и додека патувате.

koga-se-pakuvate-za-odmor-shto-treba-da-vi-bide-na-dofat-a-shto-vo-bagazhnikot-04.jpg

Некои од работите што би требало да ви бидат на дофат:

  • Телефон и полнач;
  • Шминка (основни работи, како маскара и кармин) и балзам за усни;
  • Мала амбалажа крем за раце;
  • Шамивчиња;
  • Книга или читач на е-книги, фотоапарат;
  • Слушалки;
  • Сопствена прекривка и/или перница за врат;
  • Марамчиња/средство за дезинфекција;
  • Грицки (доколку е дозволено);
  • Лекови

Важните работи како билети, лични документи, пари во кеш, кредитни картички, осигурувања, клучеви од дома, спакувајте ги во посебна чанта заедно со работите што треба да ви бидат на дофат.

Доколку имате место, добро би било во оваа торба да спакувате и резервна облека. 

Идејата е во оваа торба да се спакуваат само најнеопходните работи што би можеле да ви бидат потребни за време на патувањето.

Откако ќе ги спакувате најнеопходните работи, можете да преминете на пакување на работите што ќе се најдат во просторот за багаж.

koga-se-pakuvate-za-odmor-shto-treba-da-vi-bide-na-dofat-a-shto-vo-bagazhnikot-03.jpg

Што треба да се спакува во куферот:

  • Целата облека (освен резервната што сте ја ставиле во работите што треба да ви се на дофат);
  • Сите други полначи што нема да ги користите за време на патувањето;
  • Производи за лична хигиена: шампон, регенератор, купка за тело и слично;
  • Резерва средство за дезинфекција;
  • Дополнителни чевли;
  • Во зависност од дестинацијата на патувањето и тамошната клима – јакна;
  • Крем за сончање;
  • Лекови против болка;
  • Уреди за коса;
  • Кутија за прва помош;

За крај, треба да знаете дека ниту една листа не може да биде конечна.

Секој од вас има нешто лично што би сакал да додаде, без разлика дали е книга или, пак, видеоигра.

Но, како и да е, најлесно е прво да се направат две посебни листи – со предметите што треба да ви бидат на дофат и она што треба да оди во багажникот.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Како изгледал одморот во Египет пред 100 години, низ ретро фотки? Туристите можеле да се качат на врвот на Големата пирамида во Гиза и уште тогаш ...
Практичен водич за деловни патувања: Што да понесете и како да се спакувате? Облеката што ќе ја понесете зависи од должината на патувањето. Но, за тридневно ...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Работи со кои туристите во Италија ги иритираат локалците, според Италијанка Изнајмуваат превозни средства кои не можат да ги возат – како електрични тротине...
3 предлог дестинации за есенско патување Што прво ви паѓа на памет кога ќе се спомене октомври? Не знам за вас, но мене о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg