Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Најскапи марини и одморалишта

top-5-najskapi-marini-i-najluksuzni-odmaralista-povekjeУживање со јахта на отворено море е вистински луксузен одмор кој може да си го дозволат малкумина. Ако веќе сакате да си овозможите вакво задоволство...


...имајте ги на ум следниве најлуксузни марини на светот:

1. Capri, Италија

Просечна дневна цена за големи јахти е 2.900 евра, а просечна цена на локалните недвижнини е 11.688 евра/m². Местото во оваа марина мора да се резервира со месеци однапред, а не се достапни за продажба, или пак годишен наем.

top-5-najskapi-marini-i-najluksuzni-odmaralista-1

Најатрактивна е во текот на регатата Rolex Capri Sailing Week.

Во локалните продавници се застапени италијанските брендови: Prada, Ferragamo, Versace и Gucci.

Tom Cruise, Harrison Ford, Julia Roberts и Keanu Reeves се само некои од светските имиња кои се тука секоја година.

2. Porto Cervo, Сардинија, Италија

Просечната дневна цена за големи јахти е 2.500 евра, а на располагање има 60 места. Просечната цена на локалните недвижнини е 9.500 евра/m².

Топ период се Deluxe саемот во јуни и Maxi Yacht Rolex Cup регатата во септември. Годишниот надомест за превоз на бродови од 40 метри чини околу 115.000 евра.

top-5-najskapi-marini-i-najluksuzni-odmaralista-2

Блескавиот Porto Cervo, чиј основач Aga Khan го замислил како село за многу богати и славни, ги привлекува само најбогатите поседувачи на јахти.

Во текот на летните месеци преставува збиралиште на италијанскиот џет-сет, но и на светски познатите личности како што се супер моделот Kate Moss, актерката Tara Reid, како и актерите Christian Slater и Denzel Washington.

3. Portofino, Liguria, Италија

Просечната дневна цена за големи јахти е 2.350 евра, а на располагање има 6 места. Просечната цена на локалните недвижнини е 17.650 евра/m². Portofino е една од подискретните марини, во почетокот била мало рибарско место, но во меѓувреме станала омилено собиралиште на богатите.

top-5-najskapi-marini-i-najluksuzni-odmaralista-3

Пристапот до центарот е ограничен на еден тесен пат поврзан со Santa Margherita и во поголемиот дел од годината е затворен за сообраќај – така што природата е релативно недопрена. Со оглед на недостатокот на простор, тие што сакат да си обезбедат место мораат да направат резервација неколку месеци однапред.

4. Magna Ibiza, Ибица

top-5-najskapi-marini-i-najluksuzni-odmaralista-4

Просечната дневна цена за големи јахти е 2.300 евра, а на располагање има 12 места. Просечната цена на локалните недвижнини е 8.000 евра/m². Се смета за една од најлуксузните марини на светот и преставува магнет за младите и богатите.

5. St Tropez, Cote d’Azur, Франција

Просечната дневна цена за големи јахти е 1.300 евра, а на располагање има 30 места. Просечната цена на локалните недвижнини е 13.500 евра/m².

top-5-najskapi-marini-i-najluksuzni-odmaralista-5

St Tropez го прослави Brigitte Bardot во 1950 година и од тогаш стана култно одморалиште за богатите. Таму е важно да се биде виден, а шармот на местото се состои во тоа што е комбинација на луксузни продавници и одморалиште.

Би можело да ве интересира:

Бела Стена: Рајско островче без струја во близина на Белград (фото) Скриен во близина на Белград се наоѓа скапоцен камен кој чека да биде откриен - ...
14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
Кога се пакувате за одмор: Што да спакувате во рачен багаж, а што во куфер? Што да спакувате во рачниот багаж, а што во куферот? Оваа листа ќе ви се најде д...
Најубавите божиќни базари во Европа за 2023, кои вреди да ги посетите Од базарите во Стразбур и Колмар во Франција, до малиот базар во Опатија, Хрватс...
Забава до зори во Белград, богата гурманска понуда во Ниш - кои српски градови се идеални за city br... Од запад кон исток, север кон југ, низ различни региони, рамнини и планини... Ср...
Како изгледал одморот во Египет пред 100 години, низ ретро фотки? Туристите можеле да се качат на врвот на Големата пирамида во Гиза и уште тогаш ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg