Како да стигнете до Дијапорос - непознатиот остров до вториот крак на Халкидики, што го нарекуваат грчки Кариби?

Се наоѓа на оддалеченост од околу 360km од Скопје, а на островот Дијапорос и во екот на летната сезона може да уживате во интимна атмосфера подалеку од вревата во познатите туристички места. Идеално е за семејства со деца, а неговата убавина ја споредуваат со онаа на Карибите.

kako-da-stignete-do-diaporos-nepoznatiot-grchki-ostrov-do-vtoriot-krak-na-halkidiki-shto-so-svojata-ubavina-potsetuva-na-karibite-01.jpg

Дијапорос е грчки остров што се наоѓа во непосредна близина на вториот крак на Халкидики, до кој може да се стигне само со кајак или со брод, а е одлична дестинација за оние што сакаат да одморат подалеку од вревата и гужвата во популарните туристички места и ресорти.

Чистата, тиркизна вода и прекрасните пејзажи привлекуваат туристи во текот на целата година, а плитките топли води се идеални и за семејства со мали деца.

Разновидниот морски свет е идеален и за оние што сакаат да нуркаат и да ги истражуваат морските води.

Оние што го посетиле островот велат дека премногу потсетува на Карибите, а Сината Лагуна опкружена со природни плажи наликува на огромен базен.

View this post on Instagram

A post shared by 𝐒𝐭𝐞𝐥𝐥𝐚 • 𝐌𝐚𝐧𝐝𝐚𝐥𝐢𝐚𝐧𝐨𝐮 (@estella.madeina)

Островот кој изобилува со густа борова шума е ненаселен, а има неколку луксузни вили, каде може да престојувате доколку сте од оние што сакаат одморот да го поминат во приватност и подалеку од вревата и гужвите.

До него се стига преку селото Вурвуру на вториот крак на Халкидики што се наоѓа на околу 350km јужно од Скопје, а оттаму со помош на брод можете да стигнете до плажите.

Тоа што островот не е достапен по автомобилски пат не дозволува островот да ја загуби сопствената природна убавина.

Освен тоа во Вурвуру можете да изнајмите бротче со кое можете да го посетите островот, а редовно има и тури за туристите што се сместиле во селото кое е познато летувалиште, а сакаат да видат што има од другата страна и да уживаат на плажата Мирсини.

Дијапорос се наоѓа на само 2,8 km од селото Вурвуру, а на интернет можете да закажете еднодневна тура со брод до островот по цена од 35 евра од човек.

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Најубавите плажи за летување со мали деца на Халкидики, во околината на Кавала и на Тасос Плажите на трите краци на Халкидики, но и малите плажички на островот Тасос и во...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
5-те најубави плажи во близина на Кавала (идеални и за забава и за одмор со деца) Плажата Vrasida е сместена во залив, помеѓу Ammolfi и Nea Peramos и е една од на...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg