„Гужва насекаде, нема билети за траект“ - На што се жалат најмногу туристите во Хрватска?

„Движењето по скалите низ река од туристи е грозно, превозот е збунувачки, а насекаде има туристички замки и едно шише вода ќе ви наплатат 50 куни (6,66 евра)“ – вели еден разочаран турист што летово ја посетил Хрватска. Што им пречи најмногу на туристите таму?

guzhva-nasekade-nema-bileti-za-traekt-na-shto-najmnogu-se-zhalat-turistite-vo-hrvatska-01.jpg

Покрај Грција, Хрватска е една од омилените дестинации кај повеќето балкански туристи, а годинава некои од туристите што биле таму се пожалија на повеќе работи. На голем број туристички форуми и блогови изразија незадоволство од посетата на земјата, а на што најмногу се жалат.

Веб порталот punkofer.hr објави статија во која ги собра искуствата од повеќе туристи што биле незадоволни од посетата на Хрватска. Во моментов, туристите од Балканот најмногу се жалат на – другите туристи кои во минатото често оделе во Шпанија и Италија.

guzhva-nasekade-nema-bileti-za-traekt-na-shto-najmnogu-se-zhalat-turistite-vo-hrvatska-02.jpg

Туристите се задоволни од прекрасната природа и од морето, од архитектурата и ниската стапка на криминал, заради што можете без проблем да шетате и ноќе, но им пречат огромните гужви, огромното поскапување и неорганизираниот јавен превоз.

„Хрватска некогаш беше евтина, „неважна“ дестинација, затоа што сите трчаа во Шпанија и Италија. Сега насекаде врие од туристи. Билетите за траект предвреме се распродадени и не можете да ги купите однапред онлајн. Airbnb сместувањата се пополнети.

Насекаде има туристички замки, едно шише вода ќе ви наплатат 50 куни (6,66 евра). Не можеш да најдеш ниту Uber. Долгите редици водат до некоја благајна и насекаде – во рестораните, кај атракциите, врие од туристи, а движењето по скалите низ река од туристи е грозно.

guzhva-nasekade-nema-bileti-za-traekt-na-shto-najmnogu-se-zhalat-turistite-vo-hrvatska-03.jpg

Исто така не сфаќам зошто превозот е толку збунувачки, ако се има предвид дека Хрватска е туристички епицентар. Возниот ред на траектите е конфузен.

Постојат околу 4 различни оператори со различно работно време. Билетарниците тешко се наоѓаат затоа што ги нема на Google, а ако се обидете да ги купите онлајн ви пишува дека се недостапни без појаснување. Сепак, кога ќе стигнете на благајна, можете да купите билети без проблем.

guzhva-nasekade-nema-bileti-za-traekt-na-shto-najmnogu-se-zhalat-turistite-vo-hrvatska-04.jpg

Станиците на автобусот што вози од Стариот град до Хвар треба да ги прашате мештаните затоа што онлајн не можете да ги најдете.

И да, иронично е да се жалам на туристичко место како турист, но да знаев дека е така, никогаш не би дошол во Хрватска“ – раскажа еден маж на Reddit.

Инаку, изминатото лето Хрватска ја посетија повеќе познати личности, меѓу кои Викторија и Дејвид Бекам, Бионсе и Џеј Зи, Кајли Миног, Метју Меконахи.

Б. С. Б. | Црнобело

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

50 евра по човек за лежалки во прв ред во Пефкохори: Како се движат цените на Халкидики годинава? Условите во баровите на плажа во Грција се значително сменети годинава. Ако неко...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
10-те најдобри туристички искуства во Хрватска, според посетителите Хрватска е една од омилените дестинации за нашите, но и за светските туристи. Се...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg