Што да правите и посетите во Солун за да ја доживеете вистински празничната атмосфера?

Движете се под сино ѕвездено небо од светилки на Аја Софија, уживајте во магијата на прекрасно украсениот плоштад Аристотел, истражете го живописниот дел од градот Лададика каде има магична атмосфера и традиционални таверни и барови и одете во забавниот божиќен парк - што да правите во Солун во сезоната на празнична магија?

shto-da-pravite-i-posetite-vo-solun-za-da-ja-dozhiveete-vistinski-bozhikjnata-atmosfera-01.jpg

Вклучувањето на сијаличките на елката во центарот на градот и официјалниот почеток на божиќната сезона во Солун беше на 7 декември, а до почетокот на јануари во градот ќе владее магична атмосфера.

Плоштади со елки и светилки, улици со ѕвездено небо од светилки, украсени кафулиња и излози од бутици, предновогодишна шопинг еуфорија – едноставно периодов во Солун е идеално за да ја доживеете празничната атмосфера.

За да не пропуштите нешто при посетата на Солун, во продолжение неколку идеи што да направите и видите:

Присуствувајте на музички настан на плоштадот Аристотел или уживајте во магично украсена атмосфера

View this post on Instagram

A post shared by 𝗣𝗵𝗶𝗹𝗶𝗮𝗻 𝗛𝗼𝘁𝗲𝗹𝘀 & 𝗥𝗲𝘀𝗼𝗿𝘁𝘀 (@philian_hotels)

View this post on Instagram

A post shared by Argiris (@argiris_karamouzas)

Посетете ги божиќните пазари и вкусете некои од најубавите специјалитети на украсените куќарки

Истражете го живописниот дел од градот, кој е прогласен за културно наследство, Лададика

Движете се под сино ѕвездено небо направено од светилки на улицата Аја Софија

Уште 3 предлози и многу фотки од магијата во Солун, на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Јовица од Скопје за божиќниот маркет во Виена: „Мириса на цимет и греено вино, личи на бајка од Дизн... „Бев на повеќе божиќни маркети во градот, но најсилен впечаток ми остави Rathaus...
Неа Флогита - идилично селце на Халкидики со прекрасна песочна плажа, на само 65km од Солун Плажата со златен песок е долга колку што ви држи погледот. На брегот има многу ...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...
Аспровалта, Неа Врасна и Ставрос – три гратчиња близу Солун, кои ги поврзува една плажа долга 12km Во заливот Стримонико, на плажа долга 12km, се лоцирани три гратчиња - Аспровалт...
„Sahara Resort“ - луксузен бич бар во бохо стил на 30km од Солун (фото) Будење со утринско кафе и бранови, потоа уживање во некој од специјалитетите на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg