Што се случи откако престанав да го молам сопругот за помош?

Еднаш, многу одамна, една мудра жена ми го даде најдобриот совет кога станува збор за родителството и бракот. Верувајте ми дека тој совет ми го промени животот.

sto-se-sluci-otkako-prestanav-da-go-molam-soprugot-za-pomos-01.jpg

Кога прв пат го слушнав тоа ми звучеше смешно, се чинеше премногу едноставен да се функционира, но всушност навистина функционираше. И тоа уште од првиот пат кога почнав да го користам.

Едноставно искажи се и биди убедлива. Без двоумење и прашања, беше советот.

Сè уште ви е нејасно? Еве ви еден пример. Наместо да го прашувате вашиот маж дали може да остане дома и да ги чува децата, во вторник и четврток, за вие да можете да одите во теретана или на шопинг, едноставно кажете му убедливо: „Миличок, ќе одам во теретана од следната недела!“, и оставете ја таа изјава така, самостојно да виси во воздухот, не очекувајќи никакво одобрување.

Не прашувајте го за дозвола и не правете од него дадилка која треба да ја резервирате однапред.

Не објаснувајте дека пред да одите вечерата ќе биде готова и топла, дека ќе ја исчистите цела куќа, ќе ги нахраните, избањате и средите децата така што вашиот маж во принцип нема да треба да мрдне со прст додека ве нема.

Не плашете се дека тој ќе ви префрли или негодува заради вашето отсуство. Игнорирањето на негодувањата е уште еден одличен совет кога станува збор за бракот. Вие заслужувате време само за вас и точка. Остане доследна на тоа.

Многу од вас ќе се запрашаат дали ова навистина функционира?

Да го вратиме филмот малку назад - пред овој совет, речиси секој ден мојот живот се сведуваше на тоа дека секогаш кога нешто планирам или едноставно мислам на нешто, да се прашувам што би правел мојот сопруг во тој момент.

Дури и ако требало са влезам под туш, сум размислувала каде е тој само за децата дури и во тие 10 минути да не остануваат сами.

Секако, ова функционира само кога е тој дома. Кога тој е на работа, а јас дома со четири мали деца, овој совет нема никаква иднина.

Секако, сите ние знаеме дека има денови кога наоѓањето време дури и за миење заби е невозможна мисија, но и во тие моменти сум свесна дека кога маж ми ќе се врати од работа и јас заслужувам барем малку слободно време.

Кој ми е крив што сум мислела дека сум незаменлива од моментот кога се болни, до некои ситни банални глупости кои секогаш сум ги правела сама без да очекувам тој да се вклучи.

И да, сега нашиот брак е многу поздрав и посигурен без сета таа скриена огорченост кон него и секојдневните прашања: „Како може да не праша што треба да се направи? Може ли нешто да ми помогне?“

Стекнав многу голема доверба во себе и своите одлуки, во фактот дека моето време е драгоцено исто колку и неговото.

Затоа мили мои дами не дозволувајте никому да ви управува со животот. Не сте вие куче, па некој да ве пушти да направите нешто сами.

Само психички и физички здрава и среќна мајка и сопруга им се потребни на децата и сопругот. А, трпењето на нешто кое не го сакате не води кон среќа.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Видео што ќе ве трогне: 5-годишно девојче ја смирува мајка си по паничен напад „Сакаш да те прегрнам уште еднаш?“ – ја прашува својата мајка, едно мало 5-годиш...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
„Моето дете ќе јаде што сака – Учителката на ќерка ми забранила колачиња во градинка, јас ѝ напишав ... Дали е во ред на децата да им даваме колачиња за во училиште или во градинка и д...
Спирала како средство за заштита од бременост – Што треба да знаете пред да ја користите? Лесно се вметнува, обезбедува заштита од бременост, но не ве штити од полово пре...
„Сите ми велат: ‘Блазе си ти, какво дете имаш!’  - Знам какво е, и не ми се падна на лото!“ „Често ми велат, блазе си ти какво дете имаш! Знам јас какво дете имам! Единстве...
25 позитивни фрази кои секој родител треба да им ги кажува на децата пред спиење „Раскажи ми за својот ден, сакам да слушнам како си помина“, „Ме расположуваш се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg