Спирала како средство за заштита од бременост – Што треба да знаете пред да ја користите?

Лесно се вметнува, обезбедува заштита од бременост, но не ве штити од полово преносливи болести. Што треба да знаете пред да се одлучите да користите спирала како средство за контрацепција?

spirala-kako-sredstvo-za-zashtita-od-bremenost-shto-treba-da-znaete-pred-da-ja-koristite-01_copy_copy.jpg

Спиралите како средство за контрацепција се мошне популарни и претставуваат интраутерини средства затоа што се вметнуваат во внатрешноста на матката.

Имаат форма на буквата Т, а постојат два типа спирали:

  • Интраутерина спирала со бакар и
  • Интраутерин систем со хормонот левонорегестрел (ИУС).

Главната разлика меѓу двете спирали е во тоа што првата има бакар, кој служи како природен спермицид, а втората користи хормон.

spirala-kako-sredstvo-za-zashtita-od-bremenost-shto-treba-da-znaete-pred-da-ja-koristite-04.jpg

И двата типа спирали влијаат врз движењето на сперматозоидите и не дозволуваат тие да навлезат во јајце-клетката, па на тој начин спречуваат бременост.

Хормоните во спиралата со хормони (ИУС) не дозволуваат јајце-клетката да излезе од јајчниците, а ја згуснуваат лигавицата што ја обложува матката и на тој начин го забавуваат движењето на сперматозоидите.

Спиралите како средство за контрацепција се мошне популарни затоа што не треба да направите ништо пред сексот за да функционираат, а доколку во иднина сакате да останете бремени, се отстрануваат лесно.

Двата вида спирали успешно спречуваат вонматерична бременост, а со употребата на спиралата со хормони (ИУС), се намалуваат менструалните болки и менструациите стануваат полесни, па заради тоа помага во борбата со анемијата предизвикана од тешки и обилни циклуси.

Од тие причини, спиралата со хормони се користи многу почесто од бакарните спирали.

spirala-kako-sredstvo-za-zashtita-od-bremenost-shto-treba-da-znaete-pred-da-ja-koristite-03.jpg

Зошто спиралите се подобри од другите средства за контрацепција?

За разлика од другите контрацептивни средства (таблети, кондоми, спермицидни средства) кај спиралите ефикасноста не зависи од редовноста и начинот на кој ги применувате и хормонот што се ослободува делува само на матката, а не на целиот организам.

Спиралите се вметнуваат од страна на гинеколог, целата процедура трае неколку минути и е прилично безболна. Заштитата со помош на спиралите трае 5 години, а потоа е потребно да се замени постоечката спирала со нова.

По вметнувањето, првата контрола треба да се направи по 3 месеци, а потоа контрола се прави еднаш годишно, со редовните гинеколошки прегледи.

spirala-kako-sredstvo-za-zashtita-od-bremenost-shto-treba-da-znaete-pred-da-ja-koristite-02.jpg

Кои се несакани последици од користењето спирала?

Се смета дека и двата типа спирали се над 99% безбедни во спречување на несакана бременост, но не штитат од полово преносливи болести.

Затоа, кога не сте сигурни во партнерот, не можете да се потпрете само на спиралата како средство за заштита бидејќи иако ве штитат од бременост, тие не ве штитат од инфекции и болести.

Понекогаш може да се случи (вообичаено во првите 3 месеци по вметнувањето) телото само да ја исфрли спиралата (делумно или целосно). По ова веднаш мора да се јавите на лекар.

Ниту едно средство за контрацепција не нуди целосна заштита од бременост, па така многу ретко може да се случи жената да забремени иако има спирала. Во тој случај спиралата треба веднаш да се извади и да се провери да не станува збор за вонматерична бременост, што може да биде мошне опасно.

Овој текст е само од информативен карактер, за сите детали и информации поврзани со користењето со спирала како заштита од бременост, најдобро е да разговарате со вашиот гинеколог.

spirala-kako-sredstvo-za-zashtita-od-bremenost-shto-treba-da-znaete-pred-da-ja-koristite-05.jpg

  Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не е важно дали сте го загубиле бебето во 6-ата или 20-тата недела – вашата загуба е тешка Без разлика дали претходно не сте имале деца. Без разлика дали веќе имате дете. ...
Не сака да се дружи со деца, бега од врева - Дали и вие имате високо сензитивно дете? Вашето дете ги покрива ушите и му пречи врева, реагира на сѐ што е ново, ги забе...
Тест за бременост – 10 работи што треба да ги знаете пред сами да се тестирате Зошто не треба да пиете премногу течности пред да направите тест на бременост? З...
13 предизвици со кои се соочуваат жените во бременоста и на породилно (без да знаат однапред) Заборавете на фразите од типот „никогаш нема да носам градник без push-up“ – ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg