Писмо до мажот кој бара одмор: „Ќути и уживај, не знаеш што те чека!“

После бурно поминатата седмица, сопругот на вработената мајка и блогерка, Ерин Тејлор, ѝ рекол дека му е потребен одмор од сè. Бидејќи мислела дека ни тој, а можеби ни многу други мажи не се свесни што сè носи животот и основањето семејство, таа одлучила да напише отворено писмо, кое допре до медиумите.

pismo-do-mazhot-koj-bara-odmor-kjuti-i-uzhivaj-ne-znaesh-shto-te-cheka-1.jpg

Во продолжение, ви го пренесуваме писмото за нејзиниот, но и сите други мажи кои мислат дека им треба одмор:

Мој мил мажу,

Ти го пишувам ова писмо, за да ти обезбедам и една друга перспектива за гледање на работите, освен твојата. Вчера, по мошне турбулентната недела која ја преживеаме, ти ми рече: „Ми треба одмор!“. Тоа ми го имаш кажувано и во минатото, и јас те разбирав, но овојпат морам нешто да ти кажам.

Нема одмор!

Признавам дека последните неколку недели ни беше ужасно... Јас работев прекувремено, бидејќи на работа имаме проект кој ми е особено важен, нашиот тригодишник е во фаза кога навистина е по малку блесав, а ти мораше да ги извршуваш и домаќинските работи.

И, да, знам дека поради антибиотикот што моментално го зема нашето дете тој поврати во креветот, и дека требаше и да го искапеш, баш кога почнуваше преносот на кошаркарскиот натпревар. Сè разбирам, баш ни е хаос во домот.

И, во целиот хаос, веројатно заборави една работа. Дека сум трудна. Те разбирам дека не можеш да знаеш какво е чувството кога уште едно човечко суштество живее во тебе, па нема да ти замерам, но ти замерувам што досега не забележа колку сум уморна. Ама, кога веќе туркам сама последните три години, ќе го истуркам и ова сама.

Знам дека едвај дочека да седнеш и да ја отвориш лименката пиво, но додека ти ја земаш првата голтка и нашиот син исто така зема една, ама од садот за вода на кучето. Се оддалечувам од темата, така што да преминеме на главното...

Работите во нашата куќа уште повеќе ќе се искомплицираат за некој месец. Во нашиот живот ќе влезе уште едно живо суштество. Никој од нас нема да спие. Бебето ќе се буди, ќе го разбуди и постариот брат, а тој ќе пие вода од садот на нашето куче, баш додека дојам. Кучето веројатно ќе врши нуждa во домот, бидејќи потполно ќе заборавивме на него во целото лудило.

За разлика од првиот пат, сега ќе имаме и едно дете со свои потреби, кое треба да се чува, нахрани и однесе на тренинг. Во домот веројатно ќе ни биде хаос и ќе се расправаме околу тоа кој да ги измие садовите.

И тогаш, таман кога ќе фатиме ритам, ќе биде време да се вратам на работа. Ќе ги возиме двете деца на различни страни, па ќе продолжиме со нашите обврски на работа. И тогаш, ќе ни се расипе автомобилот, ќе прокиснува кровот, а машината за перење ќе го поплави купатилото.

Добрата вест е дека во некој момент ќе стане малку подобро. Ќе воспоставиме рутина, ќе имаме календар во бои и точен распоред на обврските, а навечер ќе седиме и пиеме пијачка. Но тогаш...

Тогаш пак сè ќе се промени... Децата ќе тргнат во забавиште, па во прво, второ, трето одделение... Што значи 53654 обврски неделно (помножено со 2). И така наредните 13 години. Вистински пекол, зар не?

Но, ни тоа не е крај.

Ако нашите деца бидат како тебе кога си одел во средно училиште, тогаш ќе пијат пиво и ќе пушат во нашиот подрум. А, од друга стана, ако бидат како мене, тогаш ќе бидат пречувствителни и потиштени кога наставничката ќе им каже дека не се доволно добри за хор или спорт. Во главно, никогаш крај на хаосот.

Да се надеваме дека нашите деца ќе одат на факултет, или, ако не, дека на 18 години ќе се одвојат и живеат самостојно, но да бидеме реални, децата денес живеат со родителите до триесеттата. Што во нашиот случај значи некаде до 2032 година. Па...Уште ќе бидеме млади.

Значи, според моите пресметки, одморот кој го бараш ќе го добиеш, евентуално кога ќе имаш околу 67 години.

Затоа молчи и уживај. Кога ќе помислам на наредните 30 години, сега ти е најлесно, сега сме на тој одмор, работата допрва нè чека.

Сè ова морав да ти го напишам за да те потсетам дека ова е животот кој го одбравме.

Значи, ајде да го прифатиме, да се потпираме еден на друг и низ него да одиме заедно.

Ајде да се фокусираме на сите убави работи кои ќе ги доживееме среде хаосот и никогаш да не заборавиме колку сме среќни што воопшто имаме прилика сето ова да го доживееме.

Те сакам и сакам да сме заедно, но замолкни! Немој веќе никогаш да ми велиш дека ти треба пауза.

Со љубов,

Твојата сопруга.

P.S. Сега е веројатно вистинското време да ти кажам дека нашиот син го фрли твојот мобилен телефон во тоалетната школка."

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
„Се грижам за децата и сите обврски во домот, а навечер работам - сопругот смета дека не заслужувам ... „Се грижам за трите деца и сите обврски во домот. Кога ќе си легнат, работам нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg