Грешки кои ги прават родителите, сакајќи да ги подготват децата за училиште
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Rabota od doma 20-10-2017
Монтери 20-10-2017
Лимар 20-10-2017


Грешки кои ги прават родителите, сакајќи да ги подготват децата за училиште

Сите ние сакаме да бидеме подобри родители, но понекогаш гордоста и суетата, несвесно, не ни дозволуваат и понекогаш се случува без да сакаме, да му наштетиме на нашето дете.

greshki-koi-gi-pravat-roditelite-shto-gi-spremaat-decata-prerano-za-ucilishte-01.jpg

Ова се неколку чести грешки кои ги прават сите родители кога ги воспитуваат децата кои имаат околу 3 до 4 години:

Грешка број 1: Го учите детето азбука и броеви

Децата во тој период на развој визуелно и фигуративно ги разбираат работите, не логички и апстрактно. Па, важно е да креирате слики од ликови, да ја развивате нивната просторна перцепција со цртање, наместо симболи.

Ако уште на многу рана возраст почне да учи симболи, тоа може подоцна да го попречува флуентното читање.

Па, што да правите?

Учете го детето на разни видови на дрвја, животни, растенија, читајте му приказни, гледајте во слики и книги и измислувајте приказни од нив.

greshki-koi-gi-pravat-roditelite-shto-gi-spremaat-decata-prerano-za-ucilishte-1.jpg

Грешка број 2:  Го учите да чита и да пишува

Мозокот на детето се развива секвенцијално, прво се развиваат моторните и емотивните структури, а дури потоа се развива когницијата. Раното учење да чита и пишува е возможно само кога ќе почне да се развива когницијата.

Што треба да правите?

Едноставно оставете го само да си игра или концентрирајте се на физички активности, бидејќи физичкиот развој доаѓа пред интелектуалниот.

greshki-koi-gi-pravat-roditelite-shto-gi-spremaat-decata-prerano-za-ucilishte-2.jpg

Грешка број 3: Му давате многу едукативни обврски, задачи и информации на детето

Натрупувањето на нервниот систем како резултат на несоодветни активности на возраста на детето може да доведе до проблеми со концентрацијата.

Што треба да правите?

Дозволете му на детето слободно и само да го истражува светот околу себе и дајте му време кога смее да биде мрзеливо и ништо да не прави.

greshki-koi-gi-pravat-roditelite-shto-gi-spremaat-decata-prerano-za-ucilishte-3.jpg

Грешка број 4: Го споредувате вашето дете со други деца

Ова е добро познато, но тешко кој успева комплетно да одолее и да не го прави тоа.

Што треба да правите?

Бидете поддршка за детето, бидете искрени и давајте му многу љубов. Тоа му треба повеќе од споредбата со другите врсници.

greshki-koi-gi-pravat-roditelite-shto-gi-spremaat-decata-prerano-za-ucilishte-4.jpg

Грешка број 5: Му давате знаење, ама не за развивање на секојдневните вештини и личен развој

Детето, подеднакво како што треба да знае математика или азбука или природа, треба да развива и лични вештини за самоодржување.

Што треба да правите?

Учете го детето да биде независно, играјте различни животни улоги, за да ги научи кога ќе треба да ги практикува.

greshki-koi-gi-pravat-roditelite-shto-gi-spremaat-decata-prerano-za-ucilishte-5.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 причини зошто е подобро детето да оди во градинка, отколку да го чу... Кога децата се мали, тие се како сунѓери. Го впиваат секое ново искуство, секој ...
Не сме безгрешни мајки и тоа е сосема во ред Го донесовте вашето малечко дома и постојано сте будни, наведнати над креветчето...
10 правила по кои еден татко ги воспитува своите две деца Да се воспитува „мало човече“ не е едноставна работа. Бара учење на лекции од по...