Си ги сакаме бабите, но 5 нивни фрази нè „полудуваат“

„Интернетот те расипа“, „Преслаб/а си, јадеш ли нешто?“ се само дел од работите што ни ги кажуваат бабите, а кои за секунда знаат да „нè извадат од кожа“.

si-gi-sakame-babite-no-5-nivni-frazi-ne-poluduvaat-01.jpg

Бабите ни се на листата најсакани личности уште од најрана возраст, кога не знаеме да одиме ни да зборуваме, но ја чувствуваме сета нивна љубов.

За многу од нив важи она - бабата си го сака внучето повеќе од детето, тоа е посебна љубов која не се опишува.

Како минуваат годините, а ние растеме, така сфаќаме дека, иако си ги сакаме бабите, постојат работи кои ги кажуваат и прават, а поради кои превртуваме со очите.

Кои 5 фрази од нашите баби прават да „полудиме“ за секунда?

„Родителите те воспитуваат погрешно“

Мајката и таткото се авторитет во животот на децата, но секоја баба сака да се „вмеша“ барем малку и да пренесе дел од своите мудрости и искуства на внуците.

Често слушаме „Погрешно те воспитуваат родителите, јас да ти кажам како треба“.

Ова почнува да ни создава нервоза, особено затоа што сакаме да ѝ кажеме дека не е во право, а не смееме поради тоа што токму родителите нè воспитале да не повишуваме тон на бабите и дедовците.

Ако вашата баба премногу често ви го кажува ова, наместо да се карате, само смирено одговорете ѝ дека родителите ве „извеле на прав пат“ токму затоа што и таа ги воспитала правилно нив, па дека ќе слушате сè што ќе ви кажат тие.

si-gi-sakame-babite-no-5-nivni-frazi-ne-poluduvaat-03.jpg

„Колку си ослабел/а“

Бабите веруваат дека главна задача во животот им е да ги нахранат внуците.

Ви го бројат секое залче, ве тераат да јадете дури и кога не сте гладни, ви доставаат во чинијата кога сте пред крај со оброкот, зашто не сте изеле доволно.

Колкупати сте слушнале „Види се колку си ослабен/а“ додека доаѓа накај вас со полна чинија, иако сте ѝ кажале дека не ви се јаде?!

Како да ѝ објасните дека не сакате да имате дебели образи, дека сакате облеката да ви стои нормално наместо да „пука“ на вас и дека нејзиниот поим за „преслабо“ не е воопшто точен?

Некои превртуваат со очи и почнуваат да јадат, други се нервираат и се расправаат.

Нема лесен начин да ѝ објасните на баба ви дека не треба да ви биде готвачка и дека не треба да се мачи за да има по 3 различни јадења секојпат кога ќе отидете кај неа.

„Ова не постоеше кога бевме деца, па преживеавме“

Денешните генерации живеат сосема поинаку отколку нашите баби и дедовци кога биле деца. 

Токму затоа нивните коментари дека сме „разгалени“, дека ни е дозволено сè или дека преживеале и без работите без кои ние денес не можеме, нè излудуваат.

Обидете се да им објасните дека времињата се менуваат, светот оди напред и дека ништо веќе не е исто.

А следниот пат кога ќе го слушнете коментарот дека „во нивно време било поинаку“, избројте до 10 и игнорирајте го наместо да се расправате.

si-gi-sakame-babite-no-5-nivni-frazi-ne-poluduvaat-02.jpg

„Ама мајка ти/татко ти знаеше толку многу на твои години“

Колку и да ги сакаме бабите, понекогаш со своите коментари знаат да нè повредат, дури и несвесно.

Споредбите со нашите родители се во ред, но не и кога чувствуваме дека нè омаловажуваат на некој начин.

Ова особено нè повредува во тинејџерските години, кога хормоните ни работат, а секој погрешен збор може да нè расплаче.

Коментарите дека не сме доволно добри, дека родителите знаеле и умееле повеќе од нас знаат да бидат болни за секое дете.

Секој има своја патека во животот, сопствени желби и се труди да го направи најдоброто за себе.

„Интернетот е виновен за сè, остави го телефонот“

Според нашите баби, сите неволји во животот на помладите генерации доаѓаат поради интернетот и технологијата кои не постоеле кога тие растеле.

„Не научи да читаш како што треба, ама затоа цел ден си на телефон“, „Остави го компјутерот ќе ги расипеш очите“, „Интернетот ве расипа, тој е виновен“, се дел од коментарите на бабите што ги слушаме често.

Наместо да се карате, обидете се да најдете парче технологија кое ќе ѝ стане неопходно на вашата баба и ќе ѝ го олесни животот, па ќе сфати дека телефоните, интернетот, информациите и технологијата, сепак имаат и предности.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
До бабите и дедото што откажуваат планови и ни го чуваат детето како свое – ви благодарам Писмо до нашите родители - до бабите кои скришно ги откажуваат закажаните планов...
25 позитивни фрази кои секој родител треба да им ги кажува на децата пред спиење „Раскажи ми за својот ден, сакам да слушнам како си помина“, „Ме расположуваш се...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Не, моето дете не мора да ги дели играчките со вашите деца! „Дај му ја играчката на Лука, ќе си поигра и ќе ти ја врати“, „Нека го повози ма...
Зошто љубовта на бабите и дедовците кон внуците е поинаква од онаа кон децата? Да се биде баба или дедо ти овозможува да бидеш родител каков што требаше да бид...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg