Како да престанете постојано да им забранувате сè на вашите деца (и зошто е тоа добро)?

Дозволете им на децата да прават работи кои вообичаено им се забранети како, на пример, да изедат уште едно парче торта, самите да си направат јадење, самите да си изберат облека, да шетаат по дождот… Генерално, дозволете им да бидат деца.

poglednete-od-pozitivniot-agol-stanete-roditel-koj-pochesto-kje-im-kazhuva-da-na-svoite-deca-01.jpg

Дали и вие како родител чувствувате дека постојано му велите „не“ на вашето дете?

Нормално е да сакате да поставите одредени граници, но сепак, важно е да останете поврзани и да ја одржувате потребната и посакуваната близина. Зар не би било добро да можете да го научите детето што смее, а што не смее, без постојано да му велите „не“?

Добрата вест е дека ова е возможно, само треба да научите да погледнете од позитивната перспектива.

Согледувајќи ги работите од друг агол, ќе добиете многу бенефиции: ќе ја зајакнете врската родител-дете, ќе му ја подобрите емоционалната интелигенција, ќе изградите здрав однос, ќе му помогнете на вашето дете полесно да го прифати она „не“, ќе добиете помалку тантруми…

Неколку совети што ќе ви помогнат во ова:

Бидете спонтани

Повеќето родители се водат според рутина, па отстапувањето од плановите им доаѓа неприродно. Но, доколку бидете спонтани одвреме-навреме, нема да биде воопшто лошо.

Дозволете им на децата да прават работи кои вообичаено им се забранети како, на пример, да изедат уште едно парче торта, самите да си направат јадење, самите да си изберат облека, да шетаат по дождот…

Не кажувајте ништо во ситуации кога вообичаено би рекле нешто

Понекогаш децата не бараат дозвола од нас за нешто, туку едноставно го прават тоа. Наместо секогаш да велите „не“ и да ги прекорувате, премолчете, секако, кога ситуацијата ви го дозволува тоа.

На пример, во одреден момент дозволете му на вашето дете да преземе ризик. Кога би сакале да кажете „Биди внимателен“, премолчете и набљудувајте го. Кога шетате во паркот, понекогаш дозволете му да згази во калта.

Детето ќе биде среќно, а ќе ги извалка само чевлите кои секако ќе ги надрасне по некој месец.

poglednete-od-pozitivniot-agol-stanete-roditel-koj-pochesto-kje-im-kazhuva-da-na-svoite-deca-02_copy.jpg

Не ја започнувајте секоја ваша реченица со „не“

Многу родители речиси секоја реченица ја започнуваат со „не“ или „немој“. Бидете креативни, добијте го посакуваното, но без да ги користите овие зборови.

Секако, кога повеќепати ќе кажете „не“, тогаш може да настапат тантруми и да ви треба подолго време да го смирите детето. На пример, наместо да кажете „Не трчај“, кажете „Оди полека“.

Дозволете им на децата да бидат деца

Децата треба да бидат деца, понекогаш да бидат валкани и неуредни, затоа што поголемиот дел од времето го поминуваат во игра.

Многупати тоа е неприфатливо за родителите, затоа што потоа треба да го средуваат целиот неред, да ги бањаат децата…

Но, треба да се погледне од поинаков агол на работите и да им се дозволи да уживаат во безгрижните денови.

poglednete-od-pozitivniot-agol-stanete-roditel-koj-pochesto-kje-im-kazhuva-da-na-svoite-deca.jpg

Покрај ова, не заборавајте понекогаш и на себе да си кажете „да“ – ќе се чувствувате подобро, а со тоа и целото семејство ќе биде поздраво и посреќно!

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg