Паметни на мама, а не на тато: Зошто децата интелигенцијата ја наследуваат од мајките?

Науката дала одговор на прашањето „Од кого децата ја наследуваат интелигенцијата?“ и тој нема да им се допадне на татковците што сакаат да се фалат дека нивните деца се паметни како нив. Кое е научното објаснување и зошто децата најчесто интелигенцијата на наследуваат од мајките?

pametni-na-mama-a-ne-na-tato-zoshto-decata-inteligencijata-ja-nasleduvaat-od-majkite-01.jpg

Мајките и татковците често знаат да се шегуваат со тоа од кого нивните деца ги наследиле позитивните особини, а научните докази нема да им се допаднат на татковците кои тврдат дека нивните деца се паметни како нив.

Познато е дека жените имаат XX хромозоми, а мажите XY хромозоми, кои се одговорни за пренесување на гените.

Според истражување од 2016-та година, гените што се одговорни за интелигенцијата се пренесуваат со помош на X хромозомите, од кои жените имаат по два, а мажите само по еден.

Оттука, шансите интелигенцијата да биде наследена од мајката, а не од таткото, се двојно поголеми.

pametni-na-mama-a-ne-na-tato-zoshto-decata-inteligencijata-ja-nasleduvaat-od-majkite-02.jpg

Дополнително, истото истражување покажало дека гените за напредна когнитивна функција може да бидат автоматски деактивирани ако потекнуваат од таткото.

Но, тука мора да се земе предвид дека генетиката не е пресудна кога станува збор за развојот на интелигенцијата кај личноста.

Генетиката може да учествува со 40 до 60 отсто, а на остатокот во најголема мера влијае опкружувањето и средината во која расте детето.

pametni-na-mama-a-ne-na-tato-zoshto-decata-inteligencijata-ja-nasleduvaat-od-majkite-03.jpg

Се смета дека силната врска со мајката на детето му пружа чувство на сигурност во периодот кога почнува да го истражува светот и да ги решава проблемите.

Освен тоа, најчесто мајките се тие што работат со децата и им помагаат во решавањето на проблемите и им помагаат да го остварат својот полн потенцијал.

Секако, улогата на татковците не може да се занемари, затоа што од нив децата ги наследуваат интуицијата и емоциите, а кои исто така влијаат врз развојот на интелигенцијата.

pametni-na-mama-a-ne-na-tato-zoshto-decata-inteligencijata-ja-nasleduvaat-od-majkite-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg