Како да го направите домот побезбедно место, ако живеете со стари луѓе?

Кога почнувате да го уредувате домот, најважната работа најчесто ви е визуелниот изглед и сакате да создадете пријатно катче каде што ќе го поминувате времето. Но, што ако во домот со вас треба да се вселат и вашите постари родители?

kako-da-go-napravite-domot-pobezbedno-mesto-ako-zhiveete-so-stari-lugje-01.jpg

Кога создававте семејство и добивте деца, сигурно се грижевте домот да биде безбеден за нив за кога тие ќе почнат да одат.

Сигурно се плашевте од отворени штекери, остри предмети, агли на масите или ѕидовите кај што може да се повредат.

На истиот овој начин сега треба да се грижите и за постарите и да го приспособите домот, па да им е полесно движењето низ просторот (особено ако не живееле отсекогаш со вас).

Како да го направите вашиот дом побезбедно место за старите луѓе?

Подобрете го осветлувањето во домот

Можеби сте навикнати на „задушена“ светлина во домот, но старите луѓе имаат послаб вид и затоа им треба посилна светлина.

Подобрете го осветлувањето, користете посилни сијалици или поврзете го осветлувањето со потенциометар, па регулирајте ја јачината на светлината.

Исто така, можете да оставате запалени светла ноќе во ходникот и тоалетот за да можат да се ориентираат и движат полесно низ просторот.

kako-da-go-napravite-domot-pobezbedno-mesto-ako-zhiveete-so-stari-lugje-03.jpg

Чергите заменете ги со теписи

Ако во домот имате черги или теписи кои стојат само под масата, а останатиот дел од подот е откриен, ставете теписи.

На овој начин ќе спречите тие да се лизнат додека се движат низ просториите.

Контрастни бои

Понекогаш постарите луѓе тешко разликуваат нијанси и сè им делува како да е во една иста боја.

Затоа користете контрастни бои, за да им ја промените визуелната перцепција.

Ова е особено ако живеете во куќа со скали, па постои можност да ја „утнат“ првата или последната скала, бидејќи им се „споиле“ со подот.

Помалку мебел и предмети по подот

За да можат полесно да се движат низ домот, потребно е да имаат „чист простор“ пред себе.

Затоа е препорачливо да немате премногу мебел и парчиња кои ќе им го попречуваат патот додека одат низ просториите.

Исто така, избегнувајте да чувате лесно кршливи предмети „на патот“ во кои може да се удрат и да се повредат.

kako-da-go-napravite-domot-pobezbedno-mesto-ako-zhiveete-so-stari-lugje-02.jpg

Влезната врата да се отвора лесно

За постарите лица е многу важно лесно да може да ја отворат влезната врата од домот, без оглед дали влегуваат или излегуваат од него.

Основните предмети да се лесно достапни

Оставете им ги на дофат на раката основните предмети - чаши, чинии, прибор за јадење, ќебиња за покривање ако сакаат да поспијат во текот на денот...

Имајте и одредено место кај што ќе стои далечинскиот управувач за климата или за телевизорот, за да знаат точно каде да ги најдат.

А. Ј. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Се грижам за децата и сите обврски во домот, а навечер работам - сопругот смета дека не заслужувам ... „Се грижам за трите деца и сите обврски во домот. Кога ќе си легнат, работам нек...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg