Босански психолог: „Денешните родители ретко наоѓаат време за децата, па ги обвинуваат наставниците за проблемите“

„Воспитувањето бара време, бара труд и бара работа, првенствено врз себе, а дури потоа на децата. Се плашам дека денешните родители немаат увид колку труд е потребно за да се воспита едно дете“ – вели клиничкиот психолог Данијела Остојиќ.

bosanski-psiholog-deneshnite-roditeli-retko-naogjaat-vreme-za-decata-pa-gi-obvinuvaat-nastavnicite-za-problemite-01.jpg

Данијела Остојиќ е босански клинички психолог со долгогодишно искуство во работата со деца и семејства, а неодамна нејзина изјава доби голем број пофалби на социјалните мрежи.

Таа пред извесен период на BN Televizija зборуваше за тоа каква е улогата на родителите во семејството и во воспитувањето на децата.

bosanski-psiholog-deneshnite-roditeli-retko-naogjaat-vreme-za-decata-pa-gi-obvinuvaat-nastavnicite-za-problemite-03.jpg

Во однос на заблудите со коишто родителите денес најчесто се соочуваат во поглед на воспитувањето на децата, Данијела изјави:

„Воспитувањето бара време, бара труд и бара работа, првенствено врз себе, а дури потоа на децата.

Се плашам дека денешните родители немаат увид колку труд е потребно за да се воспита едно дете, а се плашам и дека немаат доволно време.

Затоа што сите сме некако фокусирани врз кариерата, на материјалното, на создавање, на некаков живот што не подразбира вложување време во детето“ – вели таа.

bosanski-psiholog-deneshnite-roditeli-retko-naogjaat-vreme-za-decata-pa-gi-obvinuvaat-nastavnicite-za-problemite-02.jpg

Данијела на својот Инстаграм профил сподели краток исечок од нејзиното гостување каде зборува со кои предизвици најчесто се соочува како психолог.

Таа вели дека, како родители е неопходно да поминуваме најмалку два часа дневно заедно со своите деца.

„Па ние не бараме многу. Тоа се два часа квалитетно дневно време за вие да можете да го познавате, да можете да речете: ‘Јас го познавам своето дете’.

Се плашам дека родителите што доаѓаат кај мене кога имаат некој проблем, дали во училиштето или во однесувањето, тие воопшто немаат увид дека тие се главни и одговорни ликови во таа приказна, туку секогаш бараат изговори.

Или учителката, или професорот, или наставникот, или општеството, или телефонот – сѐ друго им е виновно, само тие не се и ме молат да им го поправам детето за да можат да се вратат на својата рутина во нивните животи.

Тоа не може така. Доволно се само два часа во денот да разговарате со своето дете и да не ви е важно дали добило петка или единица. Тоа воопшто не е важно, туку е важно како детето се чувствувало тој ден.

Дали некој му праќал некои пораки, дали тоа нешто само истражувало на интернет. Со што се занимава тоа ваше дете, што сака да јаде, што не сака да јаде, што сака да прави во текот на тој ден...“ – потенцира Данијела.

Нејзината објава на Инстаграм доби голем број пофалби и позитивни коментари, a нејзините следбеници во голема мера ја поздравија нејзината изјава.

Се согласувате ли?

Погледнете го целото гостување на Данијела (од 5:43):

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg